12 факти за мистериозниот Антарктик што сигурно не сте ги знаеле

12 факти за мистериозниот Антарктик што сигурно не сте ги знаеле

Од сите континенти, Антарктикот е дефинитивно најмистериозен, па поради тоа и најинтересен. Тоа е последниот откриен континент и единствениот кој никогаш немал своја човечка популација, односно луѓе што живеат таму. Антарктикот крие многу изненадување, а ние ви ги откриваме 12-те најинтересни кои сигурно не сте ги чуле досега.

1. Чиле и Аргентина имаат свои мали градови на Антарктикот – Вила Лас Естрелјас и База Есперанса.

2. Многу земји имаа свој аеродром на Антарктикот, а за пистите користат лед и снег.

3. За Нова година, традиционално се одржува концертот „Icestock“ во местото што е познато како Станица Мекмурдо.

4. По реткиот концерт одржан во 2013 година на Антарктикот, Металика станал првиот бенд што свирел на сите седум континенти.

5. Истражувачкиот центар Мекмудро има своја куглана од 1961 година.

6. Постои антарктички леден маратон, кој го обожаваат љубителите на трчањето и снегот.

7. Постои и натпревар познат како Полар Планџ, во кој луѓето се бањаат во ледените води на Антарктикот.

8. Можете да се пријавите и за набљудување китови, што се смета за еден од најинтересните активности на Антарктикот.

9. Научниците често нуркаат по водите на Антарктикот, со цел да истражуваат. Истата можност им е достапна и на туристите.

10. На Антарктикот поларната светлина позната како Аурора Аустралис е честа појава.

11. Хорор филмот „Јужно од разумот“ (South of Sanity) е првиот кој во целост бил снимен на Антарктикот.

12. Антарктикот е едно од најдобрите места за наоѓање метеорити, бидејќи сувата и ладна клима помага тие да бидат совршено зачувани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар