Што не е во ред со оваа фотографија и зошто само мажите не можат да сфатат што се случува?

Што не е во ред со оваа фотографија и зошто само мажите не можат да сфатат што се случува?

Една фотографија од две заљубени птички на одмор го освои целиот Интернет бидејќи изгледа како горниот дел од раката на девојката целосно да исчезнал или пак, како да држи палма! Најпрво, откако таа била објавена на социјалните мрежи, луѓето не можеле да сфатат што се случува на неа, но брзо потоа жените ја здогледувале причината за илузијата, а мажите продолжиле да ја набљудуваат со прашалници околу главите.

shto-ne-e-vo-red-so-ovaa-fotografija-i-zoshto-samo-mazhite-ne-mozhat-da-sfatat-shto-se-sluchuva-www.kafepauza.mk

Тоа што луѓето не можат да го забележат на оваа фотографија е еден важен детаљ од женскиот стил што постои откако знаеме за модата. Со оглед на тоа што мажите неретко не забележуваат што носат жените, оваа фотографија лесно може да им ги измами очите на многу начини.

„Има чанта“, жена по жена пишувале во коментарите на објавената фотографија. „Нејзината чанта и косата ја прават оптичката илузија.“ Но и покрај тоа, мажите едноставно не можат да го изострат погледот доволно добро за да ја направат разликата меѓу стеблото на палмата и чантата на жената.

Оваа случајна оптичка илузија само го потврдува она што секоја жена што некогаш била во врска со маж може да ви го каже: понекогаш е потребно нешто навистина необично, за тој да ја забележи новата облека, новата фризура, новата нијанса на кармин или фактот дали имате доволно сила да кренете цела палма во своите раце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. nekoj nekade Reply

    OCHAJNI STE , SEKOJ SO MALCE MOZOK , KE VIDI KOLKU STE OCHAJNI ZA POSETA PO STATIJAVA … MIZERIJA , PA PISHUVANO TEKST KAKO ZA NEKOJ FENOMEN DA PISHUVATE … BRUKA

Напиши одговор на nekoj nekade Откажи одговор