Што би промениле на вашето тело? И што кажува одговорот за вас?

Што би промениле на вашето тело? И што кажува одговорот за вас?

Дали понекогаш си мислите дека одреден дел од вашето тело би бил многу подобар ако би изгледал поинаку? И дали оваа желба крие нешто подлабоко или пак, станува збор за едноставно незадоволство од физичкиот изглед? Размислете добро што би промениле на себе, а потоа прочитајте го значењето на одговорот во продолжение…

Коса

Имате силна волја и желба да успеете по секоја цена. Вие сте многу сензуални и длабоко во душата имате потреба да се ослободите од семејството што ве спречува да живеете слободно. Љубители сте на природата, долгите прошетки и возбудливите патувања. Имате широки видици и бујна фантазија.

Кожа

Вие интуитивно им приоѓате на луѓето и на ситуациите и вашата претерана чувствителност ве спречува да внесете малку дипломација во секојдневните контакти. Се плашите од самотијата и од страв да не останете сами ја гушите својата потреба за независност и самостојност.

Очи

Често се чувствувате разголено пред другите? На сите промени во животот реагирате со многу емоции. Роднинските врски ве држат во место. Сакате да бидете поодлучни и посамостојни, но едноставно не наоѓате доволно сила за тоа. Непријатните ситуации ве збунуваат и тогаш редовно се повлекувате во себе.

Нос

Вие сте неуморни работници и имате силна потреба за потврда и признанија. Многу ви е грижа за мислењето на околината и од него зависи целото ваше расположение. Склони сте на ненадејни промени во расположението и скоро секогаш лебдеете помеѓу песимизмот и оптимизмот.

Уста

Вие сте добра и чувствителна личност, но не умеете да го покажете тоа. Повлечени сте и срамежливи и постојано се плашите дека ќе бидете отфрлени. Верни сте, а понекогаш и посесивни. На работа сакате да бидете авторитативни, но не секогаш успевате бидејќи сте многу попустливи кон луѓето.

Врат

Вие сте реална личност, свесна за своите можности. Понекогаш дури и претерувате со тоа, па се ограничувате себеси кога можете многу повеќе. Најмногу ве обесхрабруваат материјалните препреки. Оние што ве набљудуваат од страна понекогаш мислат дека патите од комплекс на пониска вредност.

Гради

Оваа точка се однесува само на жените. Вие сте личност што е свесна за својата заводливост. Постојано сте во потрага по сензуално задоволство што според вашето мислење е најдобриот лек за депресија. Физичкиот изглед ви е многу важен.

Рамена

Вие сте посилни одошто мислите. Најчесто ве плаши притисокот на работа бидејќи сте систематични и обврските ви одземаат многу време. Не поднесувате кога другите ви се мешаат во животот и љубоморно ја чувате својата интима. Ќе бидете посреќни ако малку се опуштите.

Раце

Цврсто стоите на своите нозе и за вас постојат само конкретни факти. Во работата тежнеете кон совршенство, па затоа и никогаш не сте задоволни со своите достигнувања.

Нозе

Обожавате да мечтаете и да сонувате. Се чувствувате како да сте заробени во своето тело и понекогаш сте многу нервозни. Во односите со другите не знаете за половичност – вие сте или крајно отворени, или целосно затворени.

Стапала

Сакате да размислувате за минатото и на тој начин често ја нарушувате сегашната среќа. Во работата сте неодлучни и не умеете да ги користите сите средства што ви се на располагање. Бидете пореални и помалку тврдоглави и многу полесно ќе успеете.

Бедра

Вие сте весела, мирољубива и пријатна личност, но постојано се држите на дистанца. Блискоста ве плаши и ве гуши. Секогаш сте на штрек да не западнете во некоја замка, бидејќи ги сакате вашите слобода и независност повеќе од сè останато во вашиот живот.

Задник

Кај вас постојано постои желба да бидете поактивни, порационални и поурамнотежени. Но, соништата се едно, а реалноста нешто сосема друго. Вие сте сензуални, инстинктивни и скоро секогаш се препуштате на водството на другите. Грижата на совест ви е на високо ниво, па често не ви дозволува да се опуштите и да уживате во секојдневните задоволства.

Тест на здравјето: Откријте ја и биолошката старост на вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар