Тест: Што навистина сакате да слушнете од партнерот во овој момент?

Сите имаат соништа за она што сакаат партнерот да им го каже. Ова не значи дека не го почитувате вашиот партнер, едноставно вие сте романтични и сакате да слушнете малку поезија. Не очекувате рози секој пат кога ќе се видите, но длабоко во себе сакате некој мал романтичен гест.

Тест што ќе ви открие што сакате да слушнете од партнерот

Ако не сте сигурни што навистина сакате да слушнете од партнерот, овој едноставен тест ќе ви помогне да откриете. Само погледнете ја сликата и обрнете внимание на она што ќе го забележите прво. Потоа прочитајте што тоа кажува за вас.

1. Свештеникот што лута

Ако го забележавте свештеникот, вие сакате да слушнете нешто како: Ајде да планираме патување до Бутан. Отсекогаш сакавме да одиме и само одложуваме. Знам дека има повеќе смисла да купиме куќа или да ги исплатиме долговите, но оваа епска авантура ќе ни помогне да се поврземе.

Немојте да се плашите да отидете на спонтано духовно патување со вашиот сакан.

2. Сокриеното лице

Ако прво го забележавте сокриеното лице, вие сакате да го слушнете следново: Заедно сме неколку години, но сè уште чувствувам дека има уште многу работи да научиме еден за друг. Ајде да ги откажеме сите планови за викендов, да останеме дома и навистина да се поврземе.

Вашиот партнер не се плаши да го направи тоа, а не треба ни вие.

3. Јастреб

Ако прво го забележавте јастребот, сакате да го слушнете следново од вашиот партнер: Знам дека периодов работев многу, но ми требаш повеќе од кога било. Дојди си порано од работа и ќе се забавуваме како и порано.

4. Град

Ако градот ви го привлече вниманието, сакате да го слушнете ова од партнерот: Никогаш не помислив дека ќе бидам личност што ќе се спастри, но кога си до мене и кога ќе те погледнам во очи, сè што можам да замислам е иднината со тебе и семејството што заедно ќе го основаме.

Доколку не можете да најдете трајна љубов, кликнете на првото нешто што ќе го забележите на сликата и дознајте ја причината за тоа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар