Се плашите од темнина? Вие не сте незрели, туку сте многу креативни!

Секој има страв од нешто. Страв од височина, од непознати луѓе, од болести и многу други работи, помеѓу кои се крие и стравот од темнината. Имено, овој страв уште е познат и како никтофобија (или аклуофобија) и тој е прилично често застапен, дури и кај возрасните луѓе.

Луѓето кои се плашат од темнината не се незрели, туку тие се повеќе креативни

Всушност, една анкета спроведена во Велика Британија во 2012 година покажала дека речиси 40% од испитаниците се плашат да се движат низ куќата кога се исклучени светлата, а 10% пак признале дека имале толку многу страв од темнината, што тие дури не би ја напуштиле безбедноста на нивниот кревет навечер за да одат во тоалет.

Еден од анкетираните признал дека стравот од темнината му се појавил уште од рана возраст, при што и ден денес сѐ уште ги остава вклучени светлата во ходникот кога оди да спие, бидејќи се плаши од целосната темнина. Исто така друга личност признала дека бара од нејзиниот дечко да го провери плакарот дали има чудовишта или сериски убијци пред спиење.

Според науката, плашењето од темнината значи дека вашата фантазија е неверојатна

Очигледно, причината поради која некои луѓе се плашат од темнината не лежи во недостатокот на светлина, туку можноста за она што може да го крие темнината. Значи, во основа креативните луѓе со бујна фантазија ја сметаат темнината за особено застрашувачка затоа што тие замислуваат најразлични работи што можат да се кријат во непознатото.

Томас Олендик, психолог и директор на Детскиот центар за проучување при Универзитетот Вирџинија, ја открива причината за овој страв од детството:

„Она што секогаш нѐ воодушевува се мислите или верувањата кои ги имаат децата. Тие веруваат во нешто имагинарно, дека во темнината може да дојдат разбојници, дека може да бидат киднапирани или дека некој може да дојде и да им ги земе играчките. Во суштина, нивните стравови произлегуваат од ‘неочекуваното.’“

Така, накратко кажано, вашиот ум ја поврзува темнината со бесконечни страшни можности.

Луѓето кои се плашат од темнината не се незрели, туку тие се повеќе креативни

Постои и предност доколку се плашите од темнината

Луѓето се генетски програмирани да ја асоцираат темнината со опасност. Многу одамна, нашите предци откриле дека разбојниците сакале да ги нападнат кога е темно. Па, со текот на времето луѓето развиле природен инстинкт потсвесно да се плашат дека опасноста доаѓа со темнината. Откако ќе се изгаснат светлата, стравот предизвикува нервоза, што во суштина делува како механизам за спречување да направите глупави и невнимателни работи кога сте заслепени во вашата околина. Иако загриженоста дека постојат чудовишта под креветот остана во вашето детство, сепак, поради некоја одредена причина стравот од темнината сѐ уште постои кај многу возрасни луѓе. Исто така во хорор филмовите страшните сцени секогаш се случуваат во темнина.

Но, погледнете на светлата страна. Сега знаете која е придобивката од овој ваш страв. Па, бидејќи сте така креативни, наредниот пат кога ќе бидете во темнина, наместо да замислувате страшни чудовишта кои може да ве изедат, помислете на некои интересни и симпатични животни.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар