Познати и успешни Македонци низ светот #2

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Од професионални безјбол играчи, сопственици на познати ресторани и професионалци во кревање тегови. Овие светски познати имиња се Македонци.

Кевин Кузманов – професионален бејзбол играч

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Кевин Кузманов на бејзбол теренот

Роден е во Њупорт Бич, во Калифорнија, на 25 јули 1981 година, а израснал во Евергрин, Колорадо. Тој е еден од четворицата професионални играчи кои успеале да направат grand slam home run, односно home run при првото топче упатено кон нив во сезоната. Познат е под псевдонимот „Македонската машина“. Моментално игра за Оукленд Атлетикс, а кариерата ја започнал во Кливленд Индијанс. Тој припаѓа на третата генерација Кузманови, иселеници од Македонија, а неговиот прадедо бил бејзбол судија на почетокот од минатиот век.

Џон Битов и фамилијата – бизнисмени

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Десно (Џон Битов) и во средина (Џон Битов Јуниор)

Џон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада. Тој е еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата. Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна. Неговиот син Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година, исто така во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Основач е на НБА тимот „Toronto Raptors“ и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.

Питер Џорџ – освојувач на златен олимписки медал во кревање тегови

Познати и успешни Македонци низ светот #2

Летни олимписки игри во Мелбурн, Австралија

Питер Џорџ е роден на 29 јуни 1929 година во Акрон, Охајо, а неговите родители Трајан и Параскева биле доселеници од Македонија. Во 1948 година, на летните олимписки игри во Лондон, успеал да го освои сребрениот медал во кревање тегови во машка конкуренција до 75 килограми. На следните летни олимписки игри, во 1952 година во Хелсинки го освоил златниот медал во истата категорија. Четири години подоцна, на олимписките игри во Мелбурн го повторил успехот од Лондон. Тој исто така бил првиот кој успеал на само 15 години да крене тежина од 136 килограми, а во периодот од 1947 до 1952 освоил и 5 државни шампионски титули.

Прочитајте го и првиот дел за познатите и успешни Македонци низ светот.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. EL Reply

    Ама се смешни со странско име а македонско презиме…. како и да е, секоја чест за успехот на Македонците…

Напиши одговор на EL Откажи одговор