Одберете карта и прочитајте ја вашата порака за мир

Одберете карта и прочитајте ја вашата порака за мир

Погледнете ги 4-те карти на сликата и без многу размислување одберете една. Прочитајте ја вашата посебна порака која ќе ви донесе мир во вашиот живот, а можеби дури и некоја позитивна промена.

Одберете карта и прочитајте ја вашата порака за мир

1. Карта на радоста и надежта

Живеете во време на промени. Сè што се случило досега, се случило бидејќи сте морале да научите нешто. Сега е време да се соочите со сонцето и секојдневно да верувате дека најдоброто допрва доаѓа. Сега можете да се издигнете и да го направите невозможното. Вратете им се на соништата коишто сте ги напуштиле, бидете храбри и работете со љубов. Живејте го секој ден со радост и возбуда.

2. Карта на мирот

Потребно ви е потсетување дека не сте секогаш одговорни за нештата што се случуваат во вашиот живот. Но, сепак сте одговорни за ставот кој го заземате. Бесот и лутината никогаш не се добри. Запомнете дека во вашата природа е да бидете мудри. Преземете контрола над вашите живот, одлуки и реакции. Научете како да се соочите со лутината и љубовта, како да ја победите тврдоглавоста и ќе забележите дека ќе се чувствувате подобро.

3. Карта на искреноста и одговорноста

Дали во последно време го давате најдоброто од себе? Што правите денес за утре да бидете онаму каде што сакате? Што можете да направите за да станете најдобрата верзија од себе? Вие сте личност која ја чекаат одлични нешта, а вашата судбина е во вашите раце. Па, дефинирајте ги вашите потреби, наполнете се со сила, љубов и храброст и тргнете кон вашите соништа.

4. Карта на фантазијата и новите можности

Време е да го погледнете животот со нови очи. Често го поминуваме животот во брзање, испуштаме прекрасни работи кои секојдневно се случуваат и ги испуштаме пораките што ни ги праќа животот. Време е да се смирите и да размислите за да добиете одговор на некои прашања. Ќе се појават прекрасни прилики, но само ако го дозволите тоа. Време е внимателно да ги набљудувате знаците, бидејќи вашиот живот никогаш не престанува да ви кажува што всушност ви е потребно.

Пробајте го и овој тест чии одговори ќе ве „соблечат“ до срж.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Martin Reply

    Fala ljubov, se nadevam deka ke te zapoznaam nekoj den vo zivotot

Напиши одговор на Martin Откажи одговор