5 трикови за вашите чизми да изгледаат како нови

5 трикови за вашите чизми да изгледаат како нови

Без разлика дали вашите чизми се лаковани или кожени, ќе изгледаат многу подобро ако се без гребнатини и без дамки. Прочитајте ги овие пет начини како вашите чизми секогаш да изгледаат како нови.

5 трикови за вашите чизми да изгледаат како нови

1. Гребнатините се отстрануваат со вазелин

Нанесете малку вазелин на чиста крпа и нежно тријте со кружни движења сè додека линиите не се отстранат целосно.

2. Вистинската кожа се чисти со балсам за коса

Вашите кожени чизми изгледаат сè полошо од ден на ден. Наместо да купувате производи за нега на чевли, одете во тоалетот, земете го балсамот за коса, земете чиста крпа и нежно тријте мала количина балсам на вашите чизми. Балсамот ќе ја освежи кожата на чизмите, исто како што прави со вашата коса.

3. Дамките на патиките се отстрануваат со магична крпа

Дамките на патиките ќе ги исчистите многу лесно со магична крпа. Прво малку навлажнете ја крпата, а потоа нежно тријте сè додека не исчезне дамката. Магија!

4. Дамки на чевлите од антилоп

Ако забележите дамки на чевлите од антилоп, не губете ја целата надеж. Дамките ќе ги отстраните со гума за бришење (по можност бела или светлорозова). Триењето ќе предизвика дамката постепено да се отстранува од чувствителниот материјал.

5. Оживејте ги гумените чизми со маслиново масло

Белите дамки на чизмите се најлоши, а најчесто се предизвикани од влага и од топлина. Вратете им го сјајот на чизмите со повремено нанесување малку маслиново масло на чиста крпа и со триење со кружни движења. Не заборавајте дека помалку е повеќе (чизмите не треба да бидат потопени во масло).

Прочитајте ги и овие стилски трикови за издолжување на вашите нозе во чизми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар