Стилски трикови за издолжување на вашите нозе во чизми

Сите ние обожаваме чизми, па затоа и едвај чекаме да дојде зимата за да ги извадиме од складиште и да ги носиме секој ден. Тоа воопшто не е чудно, бидејќи правилно избраните чизми можат да ги издолжат вашите нозе и да направат да изгледате како вистински манекенки. Ако не сте сигурни како да ги изберете чизмите што ќе го направат овој ефект за вас, тогаш продолжете со читање.

1. Избегнувајте лакирани и сјајни материјали

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stephanie Abu-Sbeih (@stephsa) on

Ако сакате вашите нозе да изгледаат слабо, избегнувајте ги сите материјали со сјај. Наместо нив одберете некоја мат боја.

2. Внимавајте на изборот на бојата

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lindsi Lane Watts • So|Lindsi (@lindsilanestyle) on

Ако сакате да се осигурите дека нема да згрешите, одберете класика – црна боја. Ако пак сакате чизми во посветла нијанса, тогаш одберете нешто што е блиску до бојата на вашата кожа, особено ако ги носите со фустан.

3. Колку повеќе, толку подобро

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria (@inthefrow) on

Оваа година најважна е удобноста, но кога станува збор за чизмите – одберете што е можно повисоки потпетици. Сепак, не по секоја цена. Вашиот избор сепак нека биде во граници на удобноста. А тоа што е најпрепорачливо да го избегнувате се ниски и дебели потпетици.

Шик и неодоливи: 3 модели на чизми што сите жени ги посакуваат за оваа зима.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар