Пилешко со прелив и лук – совршен оброк за многу кратко време

Иако готвењето преставува уживање за вас, понекогаш се случува да останете без идеја што да зготвите за ручек. Поради тоа, за вас денес е тука овој рецепт за ручек со фантастичен вкус.

Пилешко со прелив и лук - совршен оброк за многу кратко време

Потребни состојки:

  • 600 грама бело пилешко месо
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици брашно + 1 лажица
  • 2 лажици презла
  • масло
  • сол и бибер
  • ливчиња магдонос
  • 200 грама кисела павлака
  • малку млеко

Начин на подготовка:

1. Исечете го месото на шницли, додајте сол и бибер, а на парче фолија ставете ги брашното и презлата, па избрбешкајте ги парчињата месо.

2. Пржете ги на тивок оган околу 15 минути.

3. Извадете ги парчињата месо, а во садот каде што го пржевте месото, во маслото што останало додајте 1 лажица брашно, павлака, рамномерно додајте го исецканиот лук, сол, бибер и магдонос.

4. По потреба додајте малку млеко.

5. Откако ќе биде готов, прелијте го месото со преливот.

Прочитајте го и овој предлог за десерт во чаша – меден мус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар