Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

Ангус Барбиери го држи светскиот рекорд за најдолгото гладување кое траело неверојатни 382 дена. Дури и денес на научниците не им е јасно како можел да живее без храна толку долго без да му наштети на своето здравје. Повеќето научници се убедени дека откажувањето од храна повеќе од 40 дена може да биде екстремно опасно.

Една година на минерална вода и витамини

Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

Во 1965-та година, многу дебел 27-годишен маж се пријавил во болницата Мерифилд во Шкотска. Во тој момент тој тежел 206 килограми. Ангус им кажал на болничарите дека е подготвен да се откаже од јадењето храна за да ослаби, а лекарите се согласиле да го следат неговиот напредок.

На почетокот, Ангус не планирал на долго да се откаже од храната, но животот без храна му бил навистина лесен. И покрај советите од лекарите, решил да го продолжи својот експеримент и после 40 денови постење. Сакал да биде во совршена форма.

Повеќе од една година, тој земал само витамински додатоци во исхраната и јадел квасец и особено витамин Ц. На 92-риот ден, почнал да зема пилули со калиум, а на 345-тиот ден започнал да јаде сол. Исто така можел да пие пијалаци без калории во неограничено количество, како чај, кафе и минерална вода. Понекогаш јадел малку шеќер и млеко, особено во последните денови од диетата.

Ангус имал само едно движење на цревата на секои 37-38 денови. Ова не е изненадувачки бидејќи не јадел многу.

Се откажал од работата во продавница за храна за да ослаби

Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

Ангус не добил никаков медицински третман, иако на почетокот бил опкружен со лекари. Но бидејќи се прилагодил на животот без храна, наскоро добил дозвола да оди дома и да живее таму. Ја посетувал болницата само за тестови.

Лекари тврделе дека нивото на гликоза во организмот на Ангус било многу ниско, па тоа го докажувало фактот дека не јадел ништо. Но, хипогликемијата не го сопрела да ги извршува своите обврски. Единственото нешто од коешто се откажал било работното место во продавницата за помфрит и риба на татко му. И покрај неговата одлучност, Ангус не можел да ослаби кога околу него имало толку многу вкусна храна.

Варените јајца биле деликатес за Ангус

Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

Ангус го завршил неговиот пост на 11-ти јули 1966-та година. За 382 дена, тој изгубил 125 килограми и на крај тежел 81 килограм. На крајот на постот, Ангус појадувал едно варено јајце со парче леб и путер и шолја кафе. Според него, дотогаш веќе целосно го заборавил вкусот на храната и можел вистински да ужива и во наједноставните оброци.

Иако ослабел навистина брзо, во наредните 5 години после постот, тој вратил само 7 килограми.

Ангус се преселил во Ворвик, Англија, каде што имал 2 сина и живеел уште 24 години.

Дали е можно да се ослаби со откажување од храна?

Неверојатната приказна на мажот кој се откажал од храна цели 382 дена за да ослаби

Слабеењето на овој начин може да биде навистина опасно. Дипломците од Медицинскиот факултет во Данди Шкотска опишале 5 случаи каде што дебелината била третирана со постење. Сите 5 случаи резултирале со смрт на пациентите. Само една пациентка успеала да живее 210 денови без храна и умрела откако почнала со јадење. Ова е честа последица кога ненадејното консумирање храна ја нарушува рамнотежата на течности и електролити во телото. Останатиот дел од пациентите умреле поради здравствени проблеми во 3-тата до 8-мата недела од постот. Многу други пациенти страдале од недостаток на калиум, иако земале додатоци.

Некои луѓе можат да издржат долго без храна, живеејќи од масните наслаги на нивното тело. Но постењето, па дури и нискокалоричните диети, можат да предизвикаат инфаркт бидејќи тежината и мускулите исчезнуваат пребрзо. По околу 6-8 недели од постењето, почнуваат да се појавуваа проблеми со срцето. Доколку личноста нема доволно сало или има некоја хронична болест, овие проблеми можат да се појават и порано.

Некои истражувања покажале дека ограничувањето на храната, или нејзиното целосно избегнување може да помогне во борбата против ракот и дебелината. Кај животните, откажувањето од храната го забавува стареењето. Сепак, предностите не се сигурни, па ова е навистина опасен метод за слабеење.

Доколку и вие се борите со вишокот килограми, пробајте ги овие необични совети за слабеење кои навистина делуваат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар