Книга: „Нешто од Тифани“ – Мелиса Хил

Книга: „Нешто од Тифани“ – Мелиса Хил

Сонот на секоја девојка е да добие нешто од Тифани, скап накит во сина кутија, но дали тоа е единствен услов за подарокот да биде совршен?

„Нешто од Тифани“ – Мелиса ХилНаслов на оригиналот: Something from Tiffany’s – Melissa Hill

Уште откако ја започува кариерата како писател во 2003, Мелиса Хил станува една од најпопуарните автори на женска литература. Нејзините книги се продавани во милиони копии ширум светот и се преведени на 23 јазици. Италијанската верзија на „Нешто од Тифани“ цели осум недели остана на врвот меѓу бестселерите во Италија со продадени 300.000 копии. Нејзините романи совршено го опишуваат животот на една модерна жена. И покрај тоа што најголем број од нејзините дела спаѓаат во чик лит, Мелиса заедно со својот сопруг пишува трилери под псевдонимот Чејси Хил.

Синопис

На петтата авенија во Њујорк се сретнуваат двајца мажи со сосема спротивни карактери, и за многу кратко време нивните животи се испреплетуваат. Од едната страна, Гари е себичен човек кој единствено мисли на самиот себе. Неговата девојка Рејчел е внимателна и грижлива. Гари цел ден го поминува купувајќи за себе, па застанува во „Тифани“ за да купи нешто за својата девојка, и не сакајќи да троши многу време на одбирање подарок, купува бразлетна.

Од другата страна, Итан е сосема поинаков човек кој има наумено да купи многу посепецијален подарок од „Тифани“ за својата девојка. Тој одбира свршенички прстен. Ванеса е првата девојка која го направила среќен по смртта на неговата голема љубов. Затоа овој подарок треба да биде посебен.„Нешто од Тифани“ – Мелиса ХилНо, пред „Тифани“, поради случајност или пак, игра на судбината, ќесите на Гери и Итан ќе се измешаат, па така и нивните подароци си ги менуваат местата. Рејчел е пресреќна, верувајќи дека подарокот од Гари за неа е свршенички прстен. За тоа време, постојано се случуваат некои работи кои го попречуваат Итан да си го земе свршеничкиот прстен….

Колку оваа случка ќе влијае на судбината на паровите? Дали некој ќе се промени или извлече поука? Дали навистина сè се случува со причина? Мелиса Хил е позната по совршените краеви на своите дела, но крајот на ова дело е еден од најдобрите.

Лична критика

Можеби не е нешто кое веднаш ќе го прогласите за ваше омилено дело, бидејќи и мене не ми остави толку голем впечаток за да го оценам со десет од вкупно десет бода. Но, во секој случај, станува збор за навистина интересна, романтична приказна, која сепак е подобра опција од романтичен филм. Во зимските денови кога сакате да се опуштите без да размислувате на некои сериозни теми, кафето во рака и релаксирајте се со слатка книга која ќе ви ги ослободи мислите. Можеби спаѓа во чик лит, но тоа не значи дека и момците не треба да ја прочитаат, можеби ќе извлечат поука или ќе бидат инспирирани за следниот потег. Македонски превод на книгата нема, но бидејќи воопшто не е комплицирана, без проблем ќе ја прочитате оригиналната верзија во еден здив.Но, пред „Тифани“, поради случајност или пак, игра на

Други дела на Мелиса Хил:

  • The charm bracelet – „Бразлетната која шармира“
  • Before I forget – „Пред да заборавам“
  • Please forgive me – „Те молам прости ми“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар