Научно потврдено: Бебињата родени во септември се поуспешни од останатите

Научно потврдено: Бебињата родени во септември се поуспешни од останатите

Сите родители прават сѐ што можат за да се погрижат за успехот на нивното дете. Но, дали тие можат да му помогнат со тоа уште пред неговото зачнување? Според најновото истражување спроведено на Универзитетот во Торонто, Северозападниот Универзитет и Универзитетот во Флорида, месецот на раѓање е голем показател за идниот училиштен успех на детето.

Научно потврдено: Бебињата родени во септември се поуспешни од останатите

Имено, бебињата родени во септември се во предност, бидејќи училишната година во градинките и училиштата почнува на 1-ви септември. Тоа значи дека септемвриските бебиња најчесто се најстарите и најразвиените ученици во нивното одделение или група.

Од друга страна, пак, бебињата родени во февруари се најчесто најмладите и најмалку созреаните ученици во одделенијата, што значи дека можно е да наидат на одредени проблеми.

Иако овие придобивки започнуваат уште на 5-годишна возраст, истражувачите дознале дека тие продолжуваат да се провлекуваат и во понатамошниот живот на децата. Септемвриските бебиња имаат поголеми шанси да завршат факултет и помалку шанси да одат во затвор за некаков малолетнички криминал.

По овие сознанија вреди да се има огромен труднички стомак во август, се согласувате?

Доколку верувате дека месецот на раѓање има влијание на луѓето, дознајте каков вид жена сте според месецот во кој сте родени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Boooo gluposti kazvanje ziti se hahahhahahahahaaha

Напиши одговор на Анонимен Откажи одговор