Кремисимо коцки: Вкусен десерт одличен за секоја пригода

Овие кремасти коцки се навистина лесни за подготовка и се толку вкусни што веднаш ќе ги изедете.

Вкусни кремасти коцки одлични за секоја пригода

Потребни состојки:
  • 600 милилитри млеко
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 125 грама маргарин
  • 100 грама шеќер во прав
  • 3 лажици шеќер
  • 100 грама крем
  • 70 грама темно чоколадо
  • 4 крем банани
  • 36 парчиња бисквити
  • 200 милилитри млеко за бисквитите
Начин на подготовка:
  • Измешајте ги пудингот, трите лажици шеќер и 100 милилитри млеко, а останатото млеко ставете го да зоврие. Откако ќе зоврие додајте ја смесата со пудингот и мешајте додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
  • Во сад измешајте ги маргаринот и шеќерот во прав, додајте го изладениот пудинг и поделете ја смесата на 3 дела.
  • Во едниот дел ставете ги исечканите крем банани, во другиот кремот, а во третиот додајте го растопеното темно чоколадо.
  • На чинија наредете 12 бисквити потопени во млеко, па нанесете еден дел од смесата. Повторно наредете 12 бисквити и нанесете го вториот дел од смесата. Наредете ги останатите 12 бисквити и завршете со третиот дел од смесата.
  • Оставете го колачот преку ноќ или неколку часа во фрижидер.
  • Исечете го на коцки и послужете.

Ако сакате едноставен летен ручек, пробајте го овој рецепт за полнети домати.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар