Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

Една од најтешките задачи на секој родител е да ги убеди своите деца да имаат здрава ужина, наместо нездрава храна, и што е уште потешко, да направи тие да уживаат во здравите оброци.

Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

Во една неодамнешна студија се објаснува посебниот метод со кој може да ја искористите телевизијата во ваша корист и да ги натерате децата да јадат здрава храна.

Колку и да изгледа неверојатно, телевизијата може да биде ваш сојузник и да ги натера вашите деца да имаат здрави оброци

Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

Можеби се прашувате: „Како може телевизијата да ми помогне да го натерам моето дете да ја изеде здравата ужина?“ Одговорот е поедноставен отколку што можете да замислите: вие само треба да ги натерате децата да гледаат емисии за готвење каде главните состојки се здрава храна. Емисиите и видеата за готвење може да имаат позитивен ефект врз однесувањето и ставовите на децата.

Како? Авторите велат дека овие емисии промовираат здрави перцепции на храната, затоа што, според теоријата наречена „Cue Reactivity“ (условен рефлекс) , се претпоставува дека луѓето развиваат инстинктивни одговори преку дразнење на одредени стимули. Визуелните знаци на храна во програмите се претставени преку подготовка на храната што децата треба да ја консумираат, како и предизвикување на желбата за прикажаната храна.

Како е откриено влијанието на телевизијата врз здравата исхрана на децата?

Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

За да се спроведе истражувањето, 125 деца на возраст од 10 до 12 години, биле замолени да гледаат 10 минути телевизиска програма наменета за деца. Некои гледале емисија за здрава храна, додека пак останатите гледале емисија во која има нездрави оброци. На првото видео биле прикажани домати, кромид, зелка и друго овошје и зеленчук, додека во второто биле презентирани хамбургери, помфрит со мајонез и кроасани.

За да се уверат дека перцепцијата на децата за храна е онаква каква што претпоставуваат авторите, тие ги замолиле децата да ги оценат производите што се појавуваат во видеата од 0 до 10 според нивната перцепција, каде што 0 значи многу нездрава и 10 многу здрава. На крајот, на децата им била понудена закуска: можеле да изберат една од овие опции: парчиња јаболки, парчиња краставици, помфрит или переци.

41% од децата се одлучиле за здрав оброк

Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

Во групата деца кои го гледале видеото со здрави оброци, повеќе од 41% се одлучиле за здрава храна, додека во другата група, само 20% од децата се одлучиле за здравата опција. Оние кои гледале емисија со здрави продукти, било поверојатно да изберат здрава храна откако го изгледале видеото.

Според авторот на истражувањето Френс Фолкворд, доктор на универзитетот Тилбург, резултатите од оваа студија укажуваат дека емисиите за готвење може да бидат ветувачка алатка за промовирање на позитивни промени во изборот, ставовите и однесувањето поврзано со исхраната на децата.

Други алтернативи за промовирање на здрава храна кај децата

Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

Негувањето на добри навики во исхраната кај децата не е толку тешко, бидејќи станува збор за навики кои тие многу полесно ги стекнуваат во детството.

Но, за ефективно воведување на здравата исхрана на детското мени постојат и неколку алтернативи:

Бидете модел по кој ќе учат

Франс Фолкворд вели дека децата го усвојуваат однесувањето на нивните родители, со тоа што родителите им се пример најлесно влијаат врз децата. Но, не само тоа: со оваа студија, експертите предлагаат промоција и едукација за исхраната во училиштата, односно создавање училишни програми за здравата исхрана.       Вклучувањето на здравата исхрана во училишните средини може да има значајно позитивно влијание врз знаењето, ставовите, вештините и однесувањето на децата. Позитивното влијание може да ги охрабри учениците да пробаат нова храна која претходно не ја консумирале, според Фолкворд.

Без притисок

Можно е децата да имаат отпор кон одредена храна без да ја пробаат. Неопходно е да се обидувате повторно и повторно, но давајте им простор од најмалку една недела. Една студија покажала дека ако се обидувате децата да ги натерате да вкусуваат нова и различна храна секој ден од рана возраст, ќе му помогнете на детето да го изгуби стравот од непознати вкусови и нови текстури.

Научниците откриваат: Како телевизијата може да направи децата да бидат поздрави?

Вклучете ги и децата

Друга студија спроведена од истиот автор покажа дека кога младите учествуваат во подготовката на здрава храна, постои поголема веројатност тие да консумираат производи богати со хранливи материи, а да ја избегнуваат храната богата со шеќери и масти, во споредба со оние кои не учествуваат во готвењето.

Охрабрувајте ги

Д-р Маја Адам, директор за здравствена едукација во Центарот за здравствено образование на Универзитетот „Стенфорд“, вели дека со децата треба да се зборува за храна, но не преку забрани, туку преку охрабрување. Значи, наместо да кажете „Вие не треба да јадете шеќер“, многу е подобро да им кажете „Дали забележавте каков вкус имаат краставиците доколку им ставате лимон и сол?“

Можеби сакате да прочитате и за тоа дека не треба да пазарувате гладни зашто ќе потрошите повеќе пари на нездрава храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар