6 работи што никогаш не треба да им ги кажувате на пријателките што не се во врска

6 работи што никогаш не треба да им ги кажувате на пријателките што не се во врска

Иако можеби имате најдобри намери, некои работи што им ги кажувате на пријателките кои се сингл, би можеле многу да ги повредат.

6 работи што никогаш не треба да им ги кажувате на пријателките што не се во врска

1. „Но, ти си многу згодна.“

Можеби тој комплимент ѝ го кажавте на вашата пријателка мислејќи дека тоа ќе ја зајакне нејзината самодоверба, но тоа може да биде навистина навредливо. Ваквиот коментар подразбира дека изгледот не е причината поради која таа личност не може да најде партнер, туку дека проблемот е во нејзините карактерни црти. И покрај популарното верување, убавината и шармот не се заштитна обвивка против чувството на осаменост, ниту се сигурна победа кога станува збор за играта наречена потрага по сродна душа.

2. „Не грижи се, сè уште имаш доволно време за љубов.“

Токму ова треба да ѝ го кажете на вашата пријателка ако сакате да предизвикате чувство на вознемиреност и загриженост за стареењето. На овој начин, ја потсетувате дека колку и да е таа млада, часовникот сепак отчукува. Иако овој коментар честопати произлегува од добрата намера да ја утешите вашата пријателка, тој може да има спротивен ефект. Вие всушност претпоставувате дека вашата пријателка чувствува притисок бидејќи сè уште не пронашла партнер. Можеби таа воопшто не чувствува таков притисок, но со тој коментар ѝ наметнувате дека сепак треба да чувствува притисок (ако не сега, тогаш во иднина).

3. „Ќе ти кажам во што е проблемот…“

Не кажувајте! Секоја реченица што започнува со „ќе ти кажам во што е проблемот…“ би значело дека вие знаете сè за мислите, за желбите или за проблемите што ги има вашата пријателка. Пронаоѓањето потенцијален партнер и градењето стабилна и убава врска никогаш не било и нема да биде лесно и речиси никогаш не постои само една причина зошто личноста е долго време сама. Со поедноставување на нештата, ги игнорирате сите нијанси на ситуацијата во којашто се наоѓа вашата пријателка, истовремено правејќи класична грешка така што ѝ сугерирате дека е погрешно да биде сингл.

4. „Кога конечно ќе видам прстен на твојата рака?“

Можеби е подобро да се запрашате дали некогаш ќе можете да ја гледате вашата пријателка како целосно човечко суштество без тој прстен. Ова прашање подразбира дека вашата пријателка треба да биде сожалувана затоа што таа нема веренички прстен или дека не е комплетна како личност без тој прстен. Точно е дека многу луѓе би направиле сè за среќна, стабилна и долга интимна врска, но исто така е точно дека некои луѓе се исклучително среќни и додека се сами.

5. „Познавам совршено момче за тебе.“

Нема ништо лошо во тоа што сакате да споите две личности или да сакате да видите дека некоја блиска личност е во среќна врска. Меѓутоа, пред да ѝ го кажете тоа на вашата пријателка, прво проверете дали е заинтересирана да запознае ново момче и да излегува со некого. Постојат многубројни причини зошто во одреден момент од животот можеби нема да ве интересираат такви работи. Можеби би било многу покорисно да разговарате со својата пријателка за нејзината животна ситуација отколку да ѝ барате партнер.

6. „Премногу си пребирлива.“

Некои луѓе навистина имаат толку многу барања што станува речиси невозможно да најдат личност што ќе ги исполнува сите тие барања. Но, вие треба да бидете свесни дека сите тие барања или бариери што постојат може да бидат резултат на некои лоши искуства. Затоа, не донесувајте погрешни заклучоци. Повторно, искрениот разговор со пријателката е единствениот начин навистина да ѝ помогнеме ако воопшто ѝ е потребна помош во наоѓањето партнер.

Прочитајте кои 5 видови пријателки секоја девојка треба да ги има во својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар