Направете сами: Слатка и тренди чанта со крзно

Направете сами: Слатка и тренди чанта со крзно

Во последните неколку сезони плик чантите станаа голем тренд, а како што гледаме, долго време нема да ја напуштат модната сцена. Па, за да заштедите време и пари за нова тренди чанта, одлучивме да ви помогнеме да ја претворите старата чанта во нова слатка, оригинална и шик чанта со крзно, која ќе биде идеална за зимските денови што следуваат.

1-napravete-sami-slatka-i-trendi-chanta-so-krzno-www.kafepauza.mk

Во претходните неколку месеци, дизајнерите ни претставија нови колекции на аксесоари во кои доминираат различни модели на плик чанти, изработени од кожа, плиш и крзно. Кога станува збор за актуелната сезона, според нас најдобри се плик чантите со крзно, бидејќи тие одлично се вклопуваат со зимските модни комбинации. За да бидете оригинални и да се издвојувате од останатите, ви препорачуваме да ја освежите старата чанта со додавање на еден необичен детаљ – крзно!

2-napravete-sami-slatka-i-trendi-chanta-so-krzno-www.kafepauza.mk_

Потребни материјали:
  • Стара плик чанта
  • Вештачко крзно (во зависност од димензиите на чантата)
  • Ножици
  • Маркер
  • Лепак за ткаенина
  • Дебела книга
Изработка:

Чекор 1: Ставете го крзното на тој начин што „лицето“ да биде свртено надолу.

Чекор 2: Ставете ја чантата (отворена) врз крзното и со помош на маркерот внимателно исцртајте го нејзиниот облик.

Чекор 3: Оставете ја чантата настрана и следејќи ја линијата на маркерот исечете го вишокот материјал. Откако ќе го исечете материјалот, проверете дали рабовите останале мазни.

Чекор 4: Прво аплицирајте лепак на работ од чантата, а потоа преминете на средишниот дел.

Чекор 5: Внимателно ставете ја чантата на крзното.

Чекор 6: Ставете подебела книга врз чантата и почекајте сè додека лепакот не се исуши.

За подетални упатства, погледнете го видеото.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар