Најубавите африкански поговорки за мудроста и животот

Најубавите африкански поговорки за мудроста и животот

Африканските поговорки се познати ширум светот по својата мудрост и важните животни лекции што можат да ни ги пружат. Така, без разлика дали сте заглавени во минатото, имате проблеми со работата или барате одговори на важни животни прашања, овие поговорки можат да ви помогнат и да ви го променат животот на подобро.

Најубавите африкански поговорки за мудроста и животот

„Будалата зборува, мудриот слуша.“ – Етиопија

„Мудроста не доаѓа преку ноќ.“ – Сомалија

„Срцето на мудриот човек е тивко како вода.“ – Камерун

„Во моментите на криза, мудрите градат мостови, а будалите градат брани.“ – Нигерија

„Знаењето без мудрост е како вода без песок.“ – Гвинеја

„Оној кој учи, поучува.“ – Етиопија

„Доколку го користите богатството, тоа ќе се потроши; доколку го користите знаењето, тоа ќе се зголеми.“ – Свахили

„Секогаш учите многу повеќе кога губите отколку кога победувате.“ – Африканска поговорка

„Трпеливоста е клуч за секој проблем.“ – Судан

„Колку и да е долга ноќта, зората кога-тогаш ќе осамне.“ – Африканска поговорка

„Патувањето е учење.“ – Кенија

Откако ги прочитавте овие африкански поговорки, можеби ќе сакате да ги прочитате и 17-те јапонски поговорки што ќе ги променат вашите ставови кон животот.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар