Најновите истражувања откриваат: Растенијата можат да „чујат“ како ги јадете

Најверојатно никогаш не сте размислиле два пати пред да изедете салата, но се чини дека растенијата не се толку бесчувствителни колку што мислиме. Истражувачите од Универзитетот во Мисури откриле дека растенијата реагираат кога се нападнати. Тие забележале дека растенијата можат да распознаваат звуци, па така можат да „чујат“ кога некој ги јаде и да реагираат соодветно.

Најновите истражувања откриваат: Растенијата можат да „чујат“ како ги јадете

На пример, растенијата заземале одбранбен став како реакција на звукот што го правеле гасениците додека ги јаделе. Растенијата кои го слушале звукот ослободувале повеќе од течностите што не им се допаѓале на гасениците за да се заштитат. Интересно е тоа што кога го слушале звукот на ветрот, кој е сличен на звукот што го прават гасениците, тие не ослободувале повеќе течности бидејќи не сакале залудно да ги трошат нивните одбранбени механизми.

„Вреди да се спомене тоа што кога растенијата се изложени на вибрации кои имаат некои заеднички особини со звукот што го прават гасениците додека јадат, како оние на нежното ветре на пример, тие не ја засилуваат нивната хемиска одбрана. Тоа значи дека растенијата можат да ги распознаат вибрациите на хранењето од останатите природни извори на вибрации“, објасниле истражувачите.

Мора да признаеме дека ова откритие може целосно да го промени ставот на луѓето кои се исхрануваат исклучиво со растенија. Останува да видиме дали истражувањево ќе побуди некои морални дилеми кај вегетаријанците и веганите.

Дознајте и што ќе се случи ако сите луѓе на планетата станат вегетаријанци до 2050 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар