5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставите

5 растенија што ќе успеат дури и ако ги запоставите

Кога станува збор за одгледувањето растенија, некои луѓе немаат време да се справат нив, а некои ќе речат дека едноставно не се талентирани. За среќа, постојат растенија на кои не им е потребно ниту време, ниту внимание за да успеат.

1. Замија

5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставите

На замијата не ѝ треба многу вода или светлина и нема да ја пресадувате често – веројатно на секои две или три години.

2. Сансеверија

5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставите

Ова растение може да преживее без вода долго време и расте многу бавно. Произведува само еден или два нови лисја по сезоната на растење.

3. Аспидистра

5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставите

Аспидистрата била омилено растение во Викторијанската ера поради својата способност да напредува во екстремно лоши услови во домовите од средната класа.

По потекло е од Кина и има темнозелени лисја кои растат исправено и достигнуваат висина од приближно 70 сантиметри.

4. Драцена

5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставите

Драцената е растение што расте бавно и добро ја поднесува сушата. Лесно и брзо се приспособува на животот во затворен простор и нема да ви замери ако понекогаш заборавите да ја наводнете.

5. Аглаонема

5 растенија што ќе успеат дури и ако ќе ги запоставите

Покрај тоа што е исклучително издржливо, ова растение и бавно расте. Неговите лисја, во зависност од видот, можат да бидат од бели до зелени и црвени. Кога се грижите за аглоанемата, следете едно едноставно правило – колку се посветли нијансите на лисјата, толку повеќе ѝ треба светлина.

Прочитајте кои видови цвеќиња цветаат во текот на целото лето.