Мудри совети за животот од светските музички хитови

Мудри совети за животот од светските музички хитови

Во целата доминација на банални и патетични стихови, во музичката индустрија можат да се најдат и уметници кои знаат како позитивно да влијаат на масата слушатели. Уживајте во овие извадоци од неколку светски музички хитови кои имаат за цел да ви пренесат по некоја мудрост за животот.

Мудри совети за животот од светските музички хитови

 

„Животот го поминуваме во окови, а не сме свесни дека клучот е кај нас.“ – од Already Gone – The Eagles

„Војната не е решение затоа што само љубовта може да ја победи омразата.“ – од What’s Going On – Marvin Gaye

„Не брзај, крајот не толку забавен како почетокот. Остани дете некаде длабоко во твоето срце.“ – од Original of the Species – U2

„Не постои премногу тешка работа кога имаш самодоверба.“ – од Confidence – Elvis Presley

Мудри совети за животот од светските музички хитови

 

„Светот е полн со кралеви и кралици кои те заслепуваат и ти ги крадат соништата.“ – од Heaven and Hell – Black Sabbath

„Кога веруваш во нешто кое не го разбираш, тогаш си осуден на страдање.“ – од Superstition – Stevie Wonder

„Живеј сам и животот ќе ти биде празен. Живеј со другите и повторно ќе се почувствуваш жив.“ од Pass It On – Bob Marley

„Животот е она што се случува додека сме зафатени правејќи други планови.“ – од Beautiful Boy – John Lennon

Мудри совети за животот од светските музички хитови

 

„Запомни дека никој не е изграден како тебе. Ти самиот се дизајнираш себеси.“ – од A Dream – Jay-Z

„Ако почитуваш некого, кажи му го тоа. Луѓето не знаат колку се убави цвеќињата сè додека не ги помирисаат.“ – од Big Brother – Kanye West

„Најубавото нешто кое можеш да го направиш е да размениш насмевка со некој што е тажен.“ – од Friends – Led Zeppelin

„Дури и генијалците поставуваат прашања.“ – од Me Against the World – 2Pac

Мудри совети за животот од светските музички хитови

 

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го посакуваш, но ако продолжиш да се обидуваш можеби ќе го најдеш она што ти е потребно.“ – од You Can’t Always Get What You Want – The Rolling Stones

„Не дозволувај другите да се грижат за твоите проблеми повеќе од тебе.“ – од It’s a New Day – James Brown

„Може да станеш зависен од одреден вид тага, како еден вид откажување докрај.“ – од Somebody That I Used to Know – Gotye

„Најголемото ропство е да живееш сам на овој свет.“ – од Desperado – The Eagles

„Ниту едно дете не се родило со лошо однесување, тоа само ја имитира околината.“ – од Sexuality – Prince

Мудри совети за животот од светските музички хитови

 

„Не критикувај го она што не можеш да го разбереш.“ – од The Times They Are Changing – Bob Dylan

„Сите патишта по кои чекориме се ветровити, а светлата кои нè водат кон нив се заслепувачки.“ – од Wonderwall – Oasis

„Секој што пробал да те порекне сигурно не бил при здрав разум.“ – од Green Eyes – Coldplay

„На крајот, добиваш онолку љубов колку што си дал.“ – од The End – The Beatles

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. M.J Reply

    „На крајот, добиваш онолку љубов колку што си дал.“

    Да, а често пати се случува и ич да не добиеш, иако многу си дал 🙂

    • Demonic Reply

      Where’s the like button?

Напиши одговор на M.J Откажи одговор