Моќни цитати кои ќе ве убедат дека здравата исхрана е најдобриот избор за вас

Веќе ви е познато дека исхраната има големо влијание врз здравјето на човекот. Она што го ставате во вашите чинии и потоа во телата, може значително да придонесе за начинот на вашиот живот. Доколку сте заборавиле како изгледа здравата исхрана, овде ви прикажуваме неколку цитати коишто ќе го сменат начинот на којшто гледате на храната, па ќе ве инспирираат да се вратите на вистинскиот пат кон поздрава иднина.

„Околу 80% од храната што денес се наоѓа на полиците во супермаркетите, не постоела пред 100 години.“ ― Д-р Лари МекКлери, автор и неврохирург

„Јадете храна. Не премногу. Претежно растенија.“ ― Мајкл Полан, автор

„Нека храната биде вашиот лек, а лекот вашата храна.“ ― Хипократ, грчки филозоф

„Секоја храна што бара подобрување со употреба на хемиски супстанци, во никој случај не треба да се смета како храна.“ ― Џон. Х. Тоб, автор

„Ништо не ми донело толкава физичка, ментална и најважно, духовна корист од адаптирањето на вегетаријанската храна. Ова е најдобрата одлука којашто ја направив како човек, за мене, но и за планетата.“ ― Тим Шиф, професионален тркач

„Ако на вежбањето мислите како на 30-минутна активност, 3 пати во неделата во теретана, тогаш сосема ја промашувате суштината. Ако мислите да држите диета затоа што сакате да смените нешто со исхраната, значи дека не ја гледате шумата низ дрвјата. Тоа е начин на живот. Знам дека звучи клише, но мора да го пронајдете она што го сакате.“ ― Брет Хоебел, славен тренер

„Храната е вистинскиот и најефикасниот лек.“ ― Д-р Џоел Фурман, лекар

„Замислете дека светот создал ‘производ од соништата’ за да се хранат сите на земјата. Исто така замислете дека тој производ е достапен секаде, не бара складирање и испорака и им помага на мајките да планираат за своето семејство и да се намали ризикот од рак. Потоа замислете дека светот одбива да го користи тој производ.“ ― Френк. А. Оски, педијатар

„Правилната исхрана е разликата помеѓу чувството на исцрпност и најголемата корист од вежбањето.“ ― Самер Сандерс, олимписки шампион во пливање

„Дебелината е симптом на сиромаштијата. Тоа не е избор на животен стил каде што луѓето постојано јадат и не вежбаат. Тоа е затоа што децата, а проблем е и училишниот оброк, добиваат шеќер, дебелина, празни калории, многу калории, но не и исхрана.“ ― Том Количио, телевизиски готвач

„За да си обезбедите добро здравје, јадете лесно, дишете длабоко, живејте умерено, посветете се на храброста и одржувајте ги интересите во животот. “ ― Вилијам Лонден

„Сѐ што е во храната создава или здравје или болест. Колку повеќе сметаме дека една едноставна хемикалија ја карактеризира природната храна, толку повеќе сме во заблуда.“ ― Т. Колин Кампбел, доктор

„Се обидувам да им се приближам на фитнесот и исхраната од нежна перспектива, што потоа ќе направи да се чувствувам подобро. Се обидувам да се оттргнам од начинот на размислување околу тоа што ми треба за да се поправам. Го правам она што ми изгледа забавно.“ ― Тејлор Шилинг, актерка

„Кога кланиците би имале стаклени ѕидови, сите во светот би биле вегетаријанци.“ ― Линда МекКартни, артист/музичар

„Па, кога станува збор за здрава исхрана, тоа е прекрасна работа. А тоа не е нешто што треба да го правите 365 дена во годината, но помислете дека тоа е нешто што треба да го направите 25 дена во месецот. Размислувајте на ваков начин.“ ― Мајк Дитка

„Грижете се за вашето тело. Тоа е единственото место во коешто треба да живеете.“ ― Џим Рон, мотивационен говорник

„Лекарот на иднината нема повеќе да го третира човекот со дроги, туку би ја спречил и излечил болеста со исхраната.“ ― Томас Едисон, пронаоѓач

„Ние сме здебелена и недоволно хранета нација којашто го копа гробот со сопствените заби…“ ― Езра Тафт Бенсон, претставник на Владата

„Вежбањето е кралот. Исхраната е кралицата. Ставете ги заедно и ќе имате кралство.“ ― Џек ЛаЛејн, фитнес експерт

„Здравата исхрана не значи броење маснотии, диети, чистење и антиоксиданси. Тоа значи јадење храна којашто е недопрена, онаква каква што ја наоѓаме во природата. Природната храна покажува како да се храниме совршено.“ ― Поја Моти, готвач

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар