Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Долго време луѓето мислеле дека златото е најскапата материја на светот. Но, гледано од денешна перспектива, таквото мислење е сосема погрешно. Погледнете ја оваа листа од 16 елементи и супстанци кои се рангирани според најниската до највисоката цена, а златото не е ниту во првите 10.

16. Шафран – 11 долари за грам

(1) Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Овој зачин е уникатен, поради фантастичниот вкус и здравствените придобивки од неговата употреба. Во неговото производство се вложува огромен труд и време, но квалитетите што ги поседува шафранот не можат да се споредат со ниту еден друг зачин.

15. Злато – 56 долари за грам

(2) Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Станува збор за најпознатиот скапоцен метал, особено популарен кај жените во вид на накит. Златото е почитувано од памтивек, а луѓето кога сакаат да пофалат или истакнат одредена убава работа ја споредуваат со неговата скапоценост.

14. Родиум – 58 долари за грам

(3) Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Исклучително редок метал. За да се долови во колкаво мало количество е присутен, треба да се нагласи фактот дека во еден тон од Земјината кора, родиумот е застапен со само 0,001 грам.

13. Платина – 60 долари за грам

(4) Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Ова е редок и скапоцен метал со сребрена боја. Исто како и златото, платината е отпорна на киселини, алкалии и други соединенија.

12. Метамфетамин – 100 долари за грам

(5) Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Оваа супстанца е забранета со закон. Таа е психостимуланс од класата на психоактивни лекови фенетиламин и амфетамин.

11. Рог од носорог – 110 долари за грам

(6) Кои се најскапите елементи и супстанци во светот?

Овие рогови имаат голема вредност поради лековитите својства кои ги содржат, како и за изработка на големи и цврсти рачки за ножеви. Поради ловокрадците, носорозите се речиси на работ од истребување.