ТВ серија: Ноќ на (The Night Of)

По одлично помината ноќ со непозната девојка, Насир се буди и открива дека таа е избодена до смрт и потоа е обвинет за нејзиното убиство

(1) ТВ серија: Ноќ на (The Night Of)Главни улоги: Пурнеј Џагарнатен, Сијам М. Лафи, Џон Туртуро

Жанр: криминал, драма

Креатори: Ричард Прајс, Стивен Заилан

Премиера: 24 јуни 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: [ratings]

Станува збор за добро составена мини ТВ серија која ќе ве одведе на многу непријатни места. Додека ја гледате, ќе се чувствувате како да читате одлично напишан трилер, па затоа и без размислување можеме слободно да кажеме дека 8-те епизоди од кои таа се состои се одлично одвлекување на вниманието за време на ова лето.

(2) ТВ серија: Ноќ на (The Night Of)

Приказната се врти околу големиот животен пад на Насир Кан (Риз Ахмед), млад маж, кој е и Пакистанец и Американец. Тоа што започнува како одлично помината ноќ, со девојка која случајно ќе наиде во таксито на неговиот татко, ќе се претвори во кошмар кога Насир ќе се разбуди и ќе ја пронајде девојката брутално избодена и убиена во нејзиниот кревет.

(3) ТВ серија: Ноќ на (The Night Of)

Во оваа ТВ серија се обработуваат теми за расите, нетолеранцијата, скршениот правен систем, недовербата како и голем број други проблеми кои длабоко ќе ве замислат за начинот на кој ова човештво функционира. Токму поради тоа и оваа ТВ серија без сомнение вреди за вашето време. А ако одлучите да ја гледате, споделете го вашето мислење со нас…