Лажниот доктор кој на почетокот на 20-ти век спасил 6.500 животи

Лажниот доктор кој на почетокот на 20-ти век спасил 6.500 животи

„Кога ќе ги видите овие бебиња ќе почнете да се прашувате како овие чудни мали суштества ќе пораснат во луѓе. Повеќе изгледаат како мали мајмунчиња отколку како силни мажи и жени кои ќе станат со текот на времето“, вели една статија во која се објаснуваат бебињата во инкубаторите.

Лажниот доктор кој на почетокот на 20-ти век спасил 6.500 животи

Оваа статија имала наслов „Спасување бебиња“ и била објавена во 1933 година. Во тоа време, болниците немале решение за сите предвреме родени бебиња, и поради тоа тие често умирале. Но, благодарение на Мартин Куни, 6.500 бебиња биле спасени бидејќи тој ги покажувал како атракција.

Мартин немал никакво медицинско искуство, иако тврдел дека бил штитеник на францускиот доктор Пиер-Констант Будин, човекот кој ги популаризирал инкубаторите во Европа. Инкубаторите биле создадени во 1880-тите во Париз, а Куни ги прикажал во Берлин во 1896. Потоа, во 1903 останал во САД каде што имал шоу со бебиња во инкубатори.

Лажниот доктор кој на почетокот на 20-ти век спасил 6.500 животи

Влезницата чинела 25 центи, а со неа луѓето можеле да ги видат бебињата во инкубаторите. Парите потоа биле користени за нивна грижа и лекарства. Иако звучи шокантно, Куни прикажал битка помеѓу животот и смртта, која подоцна станала најпопуларна атракција.

Во тоа време, предвреме родените бебиња биле сметани за генетички слаби и биле едноставно оставени да умрат. Мартин не можел да се помири со овој факт па затоа смислил решение коешто било многу скапо, иако било експериментално. Бебињата добивале третман каков што болниците не го нуделе. Луѓето кои плаќале да ги видат малите бебиња всушност ја плаќале нивната битка за живот.

Лажниот доктор кој на почетокот на 20-ти век спасил 6.500 животи

Мартин Куни бил осудувал од медицински професионалци бидејќи не бил вистински доктор, туку само шоумен. Тој изјавил дека би се откажал од овие претстави доколку би имало доволно средства за медицинска грижа за предвреме родените бебиња.

Самите инкубатори биле чудо – биле направени од челик и стакло. Била спроведена топла вода во гумениот кревет на кој спиеле бебињата. Вработените носеле бели униформи и просториите каде што биле чувани бебињата биле беспрекорно чисти.

Се смета дека Куни спасил околу 6.500 бебиња за време на овој период. На почетокот на 1940-те, овие претстави престанале да се изведуваат, и болниците почнале да посветуваат посебна грижа за овие бебиња. Сонот на Куни се исполнил. За жал, тој починал во 1950-те, на 80-годишна возраст. Но неговата замисла продолжува да живее.

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар