Има само 8 милијардери помлади од 30 години! Најпозната е Кајли, е ова се останатите...

Има само 8 милијардери помлади од 30 години! Најпозната е Кајли, е ова се останатите…

Според последниот извештај на Форбс во светот живеат само осум милијардери кои се помлади од 30 години. Од овие осум, петмина го имаат наследено ова богатство, додека само тројца го имаат заработено. Сите се различни – некои сакаат да го покажуваат богатството, додека некои живеат мирен, семеен живот. Но сите имаат нешто заедничко – живеат живот обоен со хедонизам и исполнет со можности кои обичниот човек може само да ги сонува.

Има само 8 милијардери помлади од 30 години! Најпозната е Кајли, е ова се останатите

1. Ана Каспрзак

Оваа девојка од Данска е една од наследниците на компанијата „ЕЦЦО“ чии производи се продаваат во над 90 земји во светот. Оваа 29-годишна девојка е позната по нејзината страст за јавање, со што се занимава и професионално. На Олимписките игри во Рио го освои 14-тото место. Во 2018, Ана роди ќеркичка, но за таткото не се знае ништо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Kasprzak (@kasprzakdressage) on

2. Кајли Џенер

Не е најбогата на листата, но е секако најпозната. Најмладиот член на семејството Кардашијан-Џенер е сама заслужна за парите кои ги има заработено. Има 22 години, а нејзиното царство расте секој ден, благодарејќи на големото влијание на социјалните мрежи, како и нејзината козметичка линија. Провокативните фотографии на Инстаграм редовно ѝ обезбедуваат место во светските медиуми. Неодамна излезе информација дека раскинала со раперот Тревис Скот, со кој ја има ќеркичката Сторми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

3. Катарина Андересен

Норвешката наследничка е ќерка на Јохан Андересен, сопственик на корпорацијата „Ферд АС“ која управува со десетина големи компании. Оваа 24-годишна девојка ги обожава модата и патувањата, што јасно се покажува на нејзиниот Инстаграм профил. Пред две години беше уапсена поради возење во пијана состојба, па мораше да помине 18 дена во затвор, а возачката дозвола ѝ била одземена на 18 месеци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katharina G. Andresen (@kgandresen) on

4. Александра Андерсен

Александра е помладата сестра на проблематичната Катарина и е вистинска гордост на семејството. Цел живот вози половни автомобили, студира во Амстердам и избегнува претерано појавување во јавност. Ужива во планинарење и јавање, а оваа симпатична дама е и доста скромна и практикува мирен живот далеку од џет-сетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra (@alexandraandresen) on

5. Џон Колинс

Овој 29-годишен Ирец своето богатство го заработил со сопствени раце. Со братот Патрик ја имаат основано компанијата „Страјп“, која нуди онлајн-банкарски услуги. Се дружи со успешни претприемачи во светот на технологијата со кои разменува идеи. Неговите пријатели го опишуваат како едноставен дечко кој не дозволил парите да го расипат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frank L. (@therealprimarysource) on

6. Еван Шпигл

Еван е еден од основачите на апликацијата Снепчет, и богатството го заработил сам! На почетокот работел бројни студентски работи, а потоа целото свое време и ресурси ги вложил во неговата идеја која сметал дека ќе му донесе успех. Од 2016 година е во брак со манекенката Миранда Кер, со која има два сина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miranda (@mirandakerr) on

7. Густав Магнар Вицое

Густав, иако има само 26 години, е најбогатиот на листата на млади милијардери, а богатството го наследил од својот татко кој ја поседува компанијата „СалМар“. Овој Норвежанец имал неколку испади во јавноста, како на пример, брзо возење. Во 2013 добил 47% од компанијата, но сепак има изјавено на татко му дека сѐ уште не сака да работи толку сериозна работа. Моментално се занимава со вложување во IT старт-ап компании, а посветен е и на кариерата како модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gustav Magnar Witzøe (@guswitzoe) on

8. Лудвиг Теодор Браун

Овој милијардер припаѓа во групата на оние најскриените, па затоа е тешко да се пронајде негова фотографија на Интернет како и каква било лична информација за него. Се знае само дека има 28 години, и дека поседува 10% од медицинската компанија „Б.Браун“, што значи дека за него работат повеќе од 60.000 луѓе.

Овие млади милијардери се сиромашни за овие 10 милијардери кои некогаш оделе по земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар