Колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?

Како и сè останато во светот, така и апаратите за домаќинство и белата техника имаат свој одреден „животен век“, после кој се расипуваат или губат од квалитетот. Сигурно во текот на животот сте сведочеле на расипување на стар шпорет или фрижидер, а можеби и сте се запрашале дали овие апарати може да се користат додека целосно не откажат или пак треба на одреден временски период да се заменуваат со нови и помодерни.

Колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?

Така, во просек, фрижидерите траат меѓу 14 и 27 години, замрзнувачите меѓу 12 и 20 години, шпоретите од 12 до 17 години, машината за садови околу 11 години, а микробрановата печка меѓу 7 и 9 години.

Зошто старите апарати треба да се заменуваат со нови?

Новите технологии често носат и сосема нови еколошки и штедливи стандарди. Можеби вашиот стар шпорет добро ве служи, но помислете на заштедата на енергија доколку купите нов, произведен според актуелните стандарди. Истото можете да го направите и со стариот фрижидер кој работи на фреон, со понов штедлив модел.

Колкав е просечниот рок на траење на апаратите во домаќинството?

Како да го извадите максимумот од нивниот „животен век“?

За фрижидерите и замрзнувачите најважно е секогаш да се добро затворени и што поисполнети, за да може да се одржува ниската температура без загуба на енергија. Рерната и ринглите мора да се одржуваат чисти, а машината за садови треба да ја пуштате почесто, на секои 2-3 дена, инаку би се расипала сама по себе. Микробрановите печки користете ги само за загревање, но не и за готвење. На овој начин можете подолг период да ги користите апаратите и да ги одржите во исправна состојба.

Погледнете ги и овие креативни кујнски помагала кои веднаш ќе посакате да ги имате.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар