Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

Стариот империјален град Франкфурт на Мајна важи за финансиски центар на Германија, но и за место каде што можете да поминете еден прекрасен викенд. Поради високите згради, овој град уште се нарекува и „Чикаго на Мајна“, но кога ќе се стигне до центарот, ќе се забележат многуте стари згради, традиционални куќи, интересни музеи и прекрасни паркови. Доколку се одлучите за негова посета, еве како да поминете еден ден во овој прекрасен град.

Како да поминете еден ден во Франкфурт

10:00

Ромембер е стариот дел на градот, пешачка зона, плоштад со неправилна форма со фонтана и неколку убави згради. Овде се наоѓаат кафулиња, продавници за сувенири, како и згради градени од 15-тиот до 18-тиот век. Пред старите градски куќи се фотографираат сите туристи, а исто така и пред новите од 1908 година и готските цркви свети Леонард и свети Никола. Тука е и историскиот музеј (кој е отворен уште од 1878 година).

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

11:00

Волфганг Гете, најпознатиот германски писател, е роден во Франкфурт, а куќата во која живеел до 1765 година сѐ уште може да се види. Внатрешноста е одлично сочувана, како и мебелот и куклите со кои Гете изведувал претстави за родителите кога бил мал. Исто така има и галерија посветена на славниот писател, а може да се види и дрвената Гете кула која е висока 43 метри и од која има добар поглед на градот.

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

12:00

Кулата Турм е единствен остаток од средновековните ѕидови кои го чувале Франкфурт и е една од најстарите во светот.

Како да поминете еден совршен ден во Франкфурт?

Преминете на наредната страница за да видите уште активности кои можете да ги правите во овој град.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

  1. Оли Reply

    Го имате заборавено најакиот дел во Франкфурт. Во Заксенхаузн имате стотици пабови. Меѓудругото има и такви со децениска историја кои се надвор од дометот на туристичкиот метеж! 🙂

Напиши одговор на Оли Откажи одговор