Интересни и смешни факти за „Оскарите“

Интересни и смешни факти за „Оскарите“

Во пресрет на доделувањето на „Оскарите“, прочитајте неколку интересни факти за статуетката…Интересни и смешни факти за „Оскарите“1. Златната статуетка всушност не е златна, туку е позлатена. Таа е изработена од 93% калај, 5% антимон и 2% бакар. За време на Втората светска војна, оскаровските статуетки биле правени од гипс, бидејќи тогаш тоа било најевтино решение.

2. Статуетката е формално позната како „Оскар на заслуги“. Името го добила откако библиотекарката на Академијата за филмска уметност и науки, Маргарет Херик, изјавила дека многу ù личи на нејзиниот чичко Оскар. Претходно постоеле предлози таа да се нарекува „Железен човек“, „Статуетка на заслуги“ или „Златен трофеј“.

3. Добитниците на Оскар не можат да заработат од статуетката. Пред да ја добијат тие мора да потпишат договор, според кој ако сакаат да ја продадат најпрво мора да ù ја понудат на Академијата по цена од еден долар. Целта е статуетките да не завршуваат во рацете на богатите приватни колекционери. Ако пак, победникот одбие да го потпише договорот, Академијата го задржува трофејот.

4. Марлон Брандо ја одбил оваа награда, но не заради договорот, туку заради лошиот третман на Индијанците во филмската индустрија. Тој добил признание за најдобар актер за улогата во „Кум“, но воопшто не се појавил на доделувањето. Ја испратил Сашин Литлфедер облечена како Апачи, да им ја соопшти ваквата негова одлука и да им го каже образложението. Подоцна било откриено дека таа е всушност актерка од мексиканско потекло и дека се вика Марија Круз.

5. Само три филмови во историјата на доделувањето на Оскарите го освоиле овој трофеј во петте главни категории. Тие се: „Тоа се случи една ноќ“ (It Happened One Night), „Лет над кукавичјото гнездо“ (One Flew Over the Cuckoo’s Nest) и „Кога јагнињата ќе стивнат“ (The Silence of the Lambs).

6. Во 1939 година, Волт Дизни добил почесен Оскар за „Снежана и седумте џуџиња“. Еден класичен, со нормална големина и седум минијатурни статуетки.

7. Единствениот добитник на статуетката, кој го носи нејзиното име е композиторот и текстописец Оскар Хамерштајн. Тој добил две признанија. Првото во 1941 година, за најдобра оригинална тема за песната „The Last Time I Saw Paris“ од филмот „Lady Be Good“ и второто во 1945 година, за „It Might as Well Be Spring“ во „State Fair“.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. nepoznato Reply

    а што е смешно тука ?

  2. Име Reply

    Второто е смешно 🙂

Остави коментар