Инспиративни цитати од Конор Мекгрегор

Речиси секој има слушнато за Конор Мекгрегор, најпознатиот ирски натпреварувач во повеќе боречки вештини. Конор постојано зборува за законот за привлекување, и тоа уште од неговите почетоци кога сите се смееле на неговите соништа.

Инспиративни цитати од Конор Мекгрегор

До 2013-та година тој немал ни автомобил, а сега ја носи титулата шампион. Успеал да ја манифестира секоја негова желба и секоја негова цел станала реалност. Погледнете ги овие цитати кои ќе ве инспирираат да ја земете судбината во вашите раце.

„Верувам во мене толку многу што никој нема да ме сопре.“

„Веќе се гледам како шампион. Уште пред да почнам да тренирам веќе се гледав како шампион. Визуелизирав сè. Погледнете го она што го сакате во вашата глава и ќе го видите и со вашите очи.“

„Успехот не е вештина. Успехот е став. Вие сте она што си кажувате дека сте.“

„Многу јасно го сонував ова, многу прецизно и многу често, што се манифестираше во реалноста“

„Ако можете да го видите и ако имате храброст да го кажете, тогаш ќе се случи.“

„Се чувствувам како шампион уште од денот кога дојдов овде.“

„Морав да верувам. Морав да почувствувам. Морав да верувам во тоа за да се случи.“

„Ако имате јасна слика во главата за нешто што ќе се случи и јасно верување дека нешто ќе се случи, без разлика на сè, тогаш ќе се случи.“

„Кога бев мал визуелизирав стадиони, арени полни со фанови. Постојано ги имав овие визии.“

„Бидете благодарни и тогаш ќе се случат добри нешта. Фактот дека ценам сè е причината што сè ми оди од рака.“

„Соништата се формираат во реалноста.“

„Ова е законот за привлекување… кога визуелизирате добри нешта, тоа е лесно. Она што не е лесно е да го правите тоа кога нештата се лоши. Јас успеав да го направам тоа.“

„Отсекогаш сум визуелизирал подобро.“

„Кажете што ќе направите, одете и направете го.“

Прочитајте ги и овие цитати кои ќе ви ја вратат вербата во себе.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар