Говорот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден збор

Говорот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден збор

Постојат неколку начини на кои можете да го привлечете и задржите вниманието на соговорникот, а притоа да не изговорите ниту еден збор. Говорот на телото е клучен во овие моменти доколку сакате да ја постигнете вашата цел. Погледнете ги следниве 7 начини на кои можете да го сторите тоа.

Говорот на телото: 7 начини да привлечете сечие внимание, без да изустите ниту еден збор

1. Насмевка која разоружува

Немојте вештачки да се смеете кога ќе се сретнете со некого, а потоа да направите таа насмевка да исчезне со брзината на светлината. Наместо тоа, застанете на момент, погледнете го соговорникот во очи и дозволете ѝ на големата и топла насмевка да ги преплави вашите усни, а потоа и очите бидејќи тие најискрено се смеат. Иако оваа насмевка нема да се појави во истата секунда кога ќе погледнете некој, сепак обидувајте се да бидете што поискрени со цел да го збогатите односот со оваа личност, како и да го смените начинот на кој другите ве доживуваат.

2. Долг поглед

Замислете дека вашите очи се залепени за оние на соговорникот со некое невидливо лепило. Дури и да сте завршиле со разговорот, не го тргајте одма вашиот поглед. Добра техника е да го задржите погледот доволно долго за да можете да ја видите бојата на очите на вашиот соговорник. Овој податок сигурно нема да го запомните, но сепак може да ви биде добра формула за времето кое е потребно да го задржите вашиот поглед.

3. Поглед кој поврзува

Кога сте во поголема група луѓе, вие треба да гледате во онаа личност за која сте заинтересирани, без разлика кој говори. На тој начин му/ѝ покажувате дека сте навистина заинтересирани за неговата/нејзината реакција. Но, сепак внимавајте да не претерате за да не направите на оваа личност да ѝ биде непријатно. Најпрво гледајте во оној кој говори, а потоа насочете го вашиот поглед кон „метата“ со цел да ги забележите неговите или нејзините реакции.

4. Бебешко внимание

Луѓето се многу свесни за вашите реакции на нив. Кога ќе запознаете нова личност, ако сакате да ѝ се допаднете, свртете го телото целосно кон неа и дајте ѝ го вашето неподелено внимание, исто како што би постапиле со мало бебе. Можеби ќе ви делува чудно, но обидете се. Не постои човек кој не обожава внимание.

5. Смиреност

Ако сакате да покажете кредибилитет, обидете се да не покажувате нервоза во движењата, дури и ако станува збор за разговор кој ви е многу важен. Не ги движете премногу прстите и не си играјте со вашата коса, бидејќи на тој начин вашиот соговорник може да помисли дека лажете, дека сте премногу нервозни или пак, дека нешто криете.

6. Смејте се со целото срце

Кога се смеете покажувајќи ги своите заби, тогаш вие се смеете од срце. Секој мускул, како на лицето, така и на телото, покрај оваа насмевка се истегнува во совршената позиција – главата ја држите високо, рамената повлечени наназад, стоите исправено и зрачите со самодоверба. Во суштина, не постои ништо поубаво од насмеано лице.

7. Со секоја нова личност поздравувајте се како да ви е стар пријател

Кога за прв пат ќе се сретнете со нова личност, вие замислете дека се сретнувате со пријател кој одамна не сте го виделе. Размислувањето на овој начин ќе направи вашето тело несвесно да покажува наклонетост кон оваа личност. Исто така имајте на ум дека секогаш се враќа она кое го давате – почитта бара почит, а допаѓањето скоро и да нема смисла ако не е обострано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар