Направете сами: Руменило од 100% природни состојки

Направете сами: Руменило од 100% природни состојки

Автор: Кристина Лазаревска

Употребата на вештачки произведените козметички препарати секојдневно нѐ изложува на нивното штетно дејство, предизвикувајќи иритации, алергии, дамки…

1-napravete-sami-rumenilo-od-100-prirodni-sostojki-kafepauza.mk

Иако козметичката индустрија денес се труди нивното штетно дејство да го сведе на минимум, може ли вештачкото да биде подобро од природното?! Секако дека не. Затоа престанете да ја изложувате вашата кожа на разни индустриски произведени козметички препарати, и пружете ѝ грижа од исклучиво природни состојки.

Домашно направената козметика е многу полесна за подготовка одошто си мислите, а притоа природните состојки не ја изложуваат кожата на никакво штетно дејство.

4-napravete-sami-rumenilo-od-100-prirodni-sostojki-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1/2 кафена лажичка ару-прав (прав од тропското растение arrowroot)
  • 1/2 кафена лажичка органско какао во прав
  • 1/2 кафена лажичка прав од хибискус
  • Херметички затворен сад каде што ќе го чувате руменилото

3-napravete-sami-rumenilo-od-100-prirodni-sostojki-kafepauza.mk

Начин на подготовка:
  1. Горенаведените количини се оптимални, меѓутоа зависи каков тен имате и каква нијанса сакате да добиете. Најпрво во сад сипете 1/2 лажичка ару-прав кој можете да го побарате во аптеките, а ако не можете да најдете, како замена користете бебешка пудра. Ару-правот односно бебешката пудра, ќе ви служи како база.
  2. Од какаото и хибискусот во прав додавајте во зависност од тоа каква нијанса сакате да добиете. Доколку сакате повеќе бронзена нијанса додадете повеќе какао, а доколку сакате розова нијанса додадете повеќе хибискус. Можете повремено да ја испробувате нијансата на вашата кожа ставајќи малку руменило на внатрешната страна на раката.Експериментирајте додека не ја добиете саканата нијанса.
  3. Добиената смеса ставете ја во мала тегличка или пак сад од веќе искористена шминка.

Уживајте во вашето ново природно руменило со кое ќе ѝ дадете здрава боја и сјај на кожата.

2-napravete-sami-rumenilo-od-100-prirodni-sostojki-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар