Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Фотографиите на Лу Гуанг ги разоткриле страните на Кина што нејзината власт сака да ги прикрие – зависници од дрога, ХИВ пациенти, проблеми со загадувањето и слично. Но овој пат самиот новинар и добитник на награда станал центар на неговата приказна. Неговата сопруга тврди дека нема слушнато од него уште од 3-ти ноември оваа година.

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

На 23-ти октомври, Гуанг летал до Урумки каде што сакал да присуствува на некој настан за фотографија. Подоцна требало да лета до Сишуан каде што требало да се сретне со неговиот пријател Чен. Но, Чен не успеал ни да го најде ни да стапи во контакт со фотографот.

Кога ја прашал сопругата каде е Гуанг, таа не знаела ништо. Таа почнала да истражува и дознала дека бил одведен од националната безбедност. Локалните офицери од градот на Гуанг само ѝ го потврдиле ова.

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

„Изгубен е веќе над 20 денови. Како негов најблизок член од семејството, немам добиено извештај за неговото апсење. Постојано ѝ ѕвонам на полицијата, но не ме поврзуваат. Следната недела е нашата 20-та годишнина. Треба да ја прославуваме заедно. Само можам да се надевам на неговото безбедно враќање“, изјавила сопругата.

„Реалноста на Кина е никогаш да не знаете дали ќе наидете на неволја бидејќи нема пишани правила“, изјавил фотографот минатата година во едно интервју.

Работник во Внатрешна Монголија, 10-ти април 2005-та година

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Камион со јаглен вози предизвикувајќи прашина и повредувајќи ги локалните жители

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

10-годишно момче со рак на коските

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

И децата живеат во индустриската зона. Кина сега е втората најголема економија во светот. Нејзиниот економски развој консумирал многу енергија и предизвикал големо загадување

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

На 16-ти јули 2010-та година, експлодирала цевка на компанијата Newport Oil Wharf испуштајќи многу нафта во морето

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Жена го носи нејзиниот сериозно болен внук и гледа кон небото со надеж дека ќе ја сопре неговата болка

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Сираци со инвалидитет посвоени од фармери

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Децата со церебрална парализа лижат млеко во прав за да се нахранат

Фотограф од Кина исчезнал, а ова се неговите фотографии што власта не сака да ги видите

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар