Фабриката на кошмарите и стравот

Фабриката на кошмарите и стравот

Дали сте свесни какви гримаси правите кога сте преплашени до смрт? „Nightmares Fear Factory“ (Фабриката на кошмарите и стравот) лоцирана крај Нијагарините водопади во Канада, го има одговорот на тоа прашање. Оваа фабрика се верува дека е опседната од дух во последниве 30 години, а вработените во оваа сегашна куќа на стравот, тврдат дека тука ќе го доживеете најстрашното животно искуство. За влегување во неа, секако треба прво да си купите билет.Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотДоколку во некој момент ви е премногу страв и сакате да излезете од фабриката, можете да врескате „КОШМАРИ!“ и некој од вработените ќе дојде да ве „спаси“ и ќе ве изнесе надвор. За жал, ако викнете, ќе бидете додадени на листата на кукавици. Но, не грижете се, 100.000 луѓе веќе се наоѓаат на таа листа, така што нема да се чувствувате толку лошо, бидејќи имате со кој да се тешите.Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотНа нивниот профил на Фликр, „Фабриката на кошмарите и стравот“ ги има објавено фотографиите од оние храбри души, кои решиле да го прифатат предизвикот. Погледнете го нашиот избор од 15 навистина преплашени лица. Забележувате како возрасните мажи се претвораат во малечки момчиња, кои се кријат зад нивните другарки или девојки кога ќе се преплашат?Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотИнаку, постои доста интересна легенда за оваа фабрика.
.

Во легендата станува збор за Абрахам Мортимер, кој бил сопственик на оваа фабрика за производство на ковчези. Тој секојдневно поминувал неколку часа со голема љубов, надгледувајќи ја својата фабрика. Но, во вечерните часови него честопати го задевала банда силеџии. Тие го малтретирале човекот и потоа бегале смеејќи се.

Една судбоносна вечер, додека Абрахам се борел со насилниците, неколку ковчези паднале врз него и го столчиле до смрт. Виновните момци избегале од фабриката и никогаш не одговарале пред законот за стореното злосторство. Но, кратко после погребувањето на Абрахам, неговиот ковчег бил пронајден откопан од земјата и празен. Од тогаш, до ден денешен, легендата вели дека Абрахам чекори низ ходниците на фабриката, за да им се одмазди на сите оние кои се осудуваат да влезат непоканети во неговиот имот.

Фабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравотФабриката на кошмарите и стравот За да добиете претстава како отприлика изгледа додека сте внатре, не заборавајте да го посетите официјалниот сајт на „Фабриката на кошмарите и стравот“, а ако планирате да ја посетите, задолжително понесете си екстра пар гаќички. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Stefan Reply

    Баш ме интересира лугево шо виделе!!! xD

  2. tea Reply

    i mene….:)

  3. Brankica Reply

    Третиот бааги се исплашил хахахах 😀

  4. тејја Reply

    Башш многу ме интересира шо има толку страшно внатре!! 😀

Напиши одговор на Stefan Откажи одговор