Емпатијата објаснета од научен аспект!

Емпатијата објаснета од научен аспект!

Емпатијата може да игра клучна улога во нашиот однос кон другите, но научниците сè уште ја немаат истражено докрај. Според нив, одредени делови во мозокот се поврзани со емпатичното однесување, а овие елементи се доказ за тоа.

Емпатијата објаснета од научен аспект!

Неврони огледало

Истражувачите откриле посебна група на мозочни клетки кои се одговорни за сочувство. Овие клетки се одговорни за споделувањето болка, страв или радост со другата личност. се смета дека овие клетки се многу поактивни кај луѓето со поголемо ниво на емпатија. Тие се активираат благодарение на надворешни настани. На пример, се чувствуваме тажни бидејќи нашиот пријател е тажен, или среќни сме затоа што саканата личност е среќна. Од друга страна, според науката, кај психопатите и социопатите се јавува недостаток од чувство на емпатија. Тоа значи дека тие немаат способност да чувствуваат емпатија како другите луѓе.

Електромагнетни полиња

Мозокот и срцето имаат способност да создадат електромагнетни полиња кои се одговорни за преносот на информации за мислите и чувствата. Емпатите можат да бидат особено чувствителни на овие полиња и честопати тоа е причината и за нивната „преоптовареност“. Слично на тоа, тие имаат и посилни физички и емоционални реакции на промените во електромагнетните полиња на сонцето и земјата. Тоа им помага да бидат свесни за влијанието на енергијата врз нивната состојба на умот.

Феномен на „емотивна зараза“

Многумина од луѓето ги „примаат“ чувствата на оние околу нив. На пример, едно лице покажува знаци на вознемиреност на работното место која може да ја пренесе и на другите работници. Во овој случај, луѓето со повисоко ниво на емпатија треба да научат како да реагираат доколку, на пример, нивниот пријател минува низ тежок период. Од големо значење е да знаат како да реагираат и да преземат соодветни мерки со цел да му помогнат на пријателот.

Зголемена чувствителност на допамин

Според истражувањата, интровертните луѓе со изразена емпатија се повеќе чувствителни на допамин (хормонот на среќа и задоволство) отколку екстровертите. Со други зборови, им треба помалку допамин за да се чувствуваат среќни. Тоа би можело да го објасни фактот зошто тие се чувствуваат посреќни доколку времето го поминуваат сами, читајќи или медитирајќи во тишина. За разлика од екстровертите, на интровертите им е потребна помала надворешна стимулација за да се чувствуваат среќно и задоволно.

Откако го прочитавте научното истражување поврзано со емпатијата и мозокот, можеби ќе сакате да прочитате и кое е вашето ниво на емпатија.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар