Тест: Омилената школка ви ја посочува насоката која ќе ве одведе до успехот

Тест: Омилената школка ви ја посочува насоката која ќе ве одведе до успехот

Погледнете ги сите три слики и одберете ја онаа што најмногу ве привлекува. Школката што ќе ја изберете крие посебна порака за вас.

Тест: Омилената школка ви ја посочува насоката која ќе ве одведе до успехот

  • Школка бр. 1

    Држете се до фактите и не дозволувајте емоциите да ги совладаат вашите ментални способности. Работите ќе ви станат појасни кога ќе ги разгледате сите нешта, наместо да ги користите само сопствените искуства и гледишта во секоја ситуација. Важни се нашите емоции и односот кон различните ситуации, но подобро е да се држите до фактите за да не бидете изненадени. Освен тоа, внимавајте и да не влијаете премногу врз реакциите на другите.

  • Школка бр. 2

    Секоја чест! Ја надминавте емотивната возбуда која ве збуни и ве натера да бидете онаму каде не сакате да бидете. Ја достигнавте емоционалната зрелост со помош на искуствата и преку надминувањето на негативното его. Сепак, можни се искушенија во иднина. Затоа, не заборавајте да го примените во пракса она што веќе го научивте досега.

  • Школка бр. 3

    Вашето „јас“ сака да ви каже некои работи. Сега е вистинското време за самоанализа, а медитацијата и тишината ќе ви помогнат да се поврзете со вашето вистинско „јас“. Обидете се да направите анализа и на она што се случува околу вас и во вас, бидејќи тука најчесто лежат одговорите. Бидете упорни за време на целиот процес и не откажувајте се при првите пречки.

Доколку се забавувавте со нашиот тест, можеби ќе сакате да направите и друг кој ќе ви ја открие желбата на вашата душа.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар