Единствената работа која треба да ја знаете за смртта според Будизмот

Единствената работа која треба да ја знаете за смртта според Будизмот

Сигурно се согласувате дека смртта е најголемиот страв со кој можеме да се соочиме. Како да ја прифатиме мистеријата на непознатото? Што има Будизмот да каже за ова?

edinstvenata-rabota-koja-treba-da-ja-znaete-za-smrtta-spored-budizamot-kafepauza.mk

Будизмот нè учи дека смртта не треба да ја гледаме како трагедија. Таа е единственото сигурно нешто во животот. Знаењето дека нема вечно да бидеме овде му дава значење на животот. Цитатите во продолжение имаат за цел да ви помогнат да размислувате различно за нешто кое сигурно ќе го искусите. Можеби ова не е лесна тема за размислување, но е важно да се помирите со неа.

Практикувајте го патот на мудроста

„Со умот некаде далеку, не мислејќи на доаѓањето на смртта, правејќи безначајни работи, потребно е препознавање и духовно учење. Па зошто да не го практикувате патот на мудроста баш во овој момент? Од усните на светците дошле овие зборови: Ако не го чуваш учењето на твојот учител во срцето, зарем не се лажеш самиот?“ – Тибетска книга на смртта

Ако треба да мислите на нешто, тоа нека биде смртта

„Планирањето на иднината е исто како да одите да ловите риби во пресушено езеро. Ништо не излегува како што сте планирале, па се откажувате од сите ваши планови и амбиции. Ако навистина мора да размислувате за нешто, тоа нека биде за несигурноста за часот на вашата смрт.“

Не можете да се борите против смртта

„Има само еден џелат. Искрено, да се обидете да го заземете неговото место е како да се обидете да резбате дрво како вистински мајстор. Од оние кои се обидуваат да резбаат како мајстори, само малку остануваат неповредени.“ – Лао Цу

Кога ќе ви се случи вам?

„Телото лежи на последниот кревет, гласот шепоти неколку последни зборови, умот за последен пат ги разгледува сеќавањата. Кога ќе ви се случи ова?“ – 7-иот Далај Лама

Паметно е да се подготвите за вашата смрт

„Стареењето ја уништува младоста, болеста го уништува здравјето, а смртта го уништува животот. Дури и ако сте најдобар тркач, нема да ѝ избегате на смртта. Не можете да ја спречите смртта со вашето богатство, со вашето извонредно рецитирање на мантри, ниту пак со лекови. Затоа, паметно е да се подготвите за вашата смрт.“ – 14-тиот Далај Лама

Погледнете и што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар