Дали бракот може да ве направи посреќни?

Низ историјата, бракот станал голем дел од општеството. Замислата е да ја пронајдете вашата „сродна душа“, да се венчате и како резултат ќе бидете бескрајно среќни. Многу истражувања од 20-тиот и раниот 21-ви век го славеле бракот и го покажале како добар, а со тоа се создала стигма околу сингл животот.

Дали бракот може да ве направи посреќни?

Поради ова, многу власти вовеле мерки како попусти и здравствени придобивки, со цел да го поттикнат стапувањето во брак. Но едно ново истражување покажало дека луѓето во брак не се толку среќни и здрави како што се мислело.

Истражувањето во кое учествувале над 24.000 возрасни Германци открило дека луѓето кои се венчале биле среќни во првата година од бракот, но потоа нивната среќа се враќала на почетното ниво. Овој феномен го нарекле период на „меден месец“ и истакнале дека во просек, луѓето брзо и целосно се прилагодуваат на бракот.

Друго истражување открило дека нивото на среќа опаѓа и дека во бракот нема поддршка за заедничка среќа во подоцнежните години. Ова откритие има биолошка основа во хемијата на мозокот – фенилетиламин (РЕА) кој е поврзан со доброто расположение.

Истражувачите тврдат дека среќата може да се намали бидејќи невроните се навикнуваат на влијанието на РЕА, или поради намалувањето на неговото ниво со текот на времето.

Уште едно истражување од Германија ги поддржува заклучоците на претходните истражувања. Во ова истражување научниците не нашле докази дека децата влијаат врз животното задоволство. Авторите истакнале дека придобивката од бракот е „социјалната поддршка“ која луѓето ја наоѓаат кај партнерот.

Постои позитивно влијание од дружењето, емоционалната поддршка и сексуалните односи, но ова се намалува со текот на времето. Луѓето се прилагодуваат, а понекогаш престануваат да се дружат со другите пријатели.

И други истражувања покажале дека луѓето се венчаат среќни, а не е бракот она што ќе им ја зголеми среќата на несреќните. Во минатото бракот можеби водел до поголема среќа и задоволство, но современите истражувања го покажуваат спротивното.

Општеството мора да го отфрли погрешното сфаќање дека бракот е општествен идеал. И сингл луѓето можат да живеат среќно. Доколку сакате исполнет и среќен живот, најверојатно бракот не треба да ви биде најважниот критериум.

Прочитајте ги и овие нешта што сигурно не сте ги знаеле за успешните бракови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар