10 цитати од Алфред Хичкок за стравовите и жените

10 цитати од Алфред Хичкок за стравовите и жените

Изгледа дека Хичкок бил чуден и непредвидлив исто како и неговите филмови. Имал многу фобии кои настанале од детството, бил крут и за некои бил гениј, а за некои луд и лош човек.

10 цитати од Алфред Хичкок за стравовите и жените

Бил опсесивно врзан за русокоси, кои ги имале главните улоги во неговите филмови. Со цел да го извлече максимумот од нив, понекогаш се служел и со морбидни трикови. Џенет Ли кој ја имала главната улога во филмот „Психо“ (Psycho), изјавила дека Хичкок ѝ ставил змија во кадата за таа да вриска погласно. Неговите изјави и денес се повторуваат и ја оправдуваат неговата репутација, па прочитајте некои од најпознатите.

„Секогаш обидувајте се публиката да пати што е можно повеќе.“

„Филм, тоа е живот од кој се исклучени сите здодевни моменти.“

„Јас сум филантроп – им го давам на луѓето она што го сакаат. Луѓето сакаат да почувствуваат ужас и страв.“

„Во љубовта искуството не значи ништо. Всушност, кога ќе собереме доволно искуство за да можеме да бидеме совршени љубовници, тогаш сме веќе премногу стари за да можеме да го искористиме.“

„Љубовта е партија карти каде што сите мамат. Мажите за да добијат, а жените за да не изгубат.“

„Човекот не може да живее само од убиства. Потребно му е внимание, одобрување, поддршка, а повремено и по некој оброк.“

„Се плашам од јајца, тоа бело тркалезно нешто без дупки… Дали некогаш сте виделе нешто погадно од разбивање јајце и пролевање на неговата жолта течност?“

„Никогаш не сум ги сфаќал оние кои толку се занимаваат со сексот. Многу поважен ми е добриот оброк или гурманската вечера.“

„Јас сум типичен режисер. Да ја снимав ‘Пепелашка’, луѓето автоматски ќе бараа леш во каучот.“

„Должината на филмот треба да биде директно поврзана со издржливоста на човечкиот мочен меур.“

Прочитајте ги и најмоќните цитати на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар