Тие се толку романтични! Дизни ја создаде првата колекција венчаници инспирирана од нивните принцези

Во април годинава, Дизни ќе ја претстави својата прва колекција венчаници на модната недела во Њујорк. Колекцијата е инспирирана од изгледот на нашите омилени принцези и е составена од 16 модели. Првите скици се веќе достапни, а фустаните се инспирирани од Ариел, Бел и Тиана.

Тие се толку романтични! Дизни ја создаде првата колекција венчаници инспирирана од нивните принцези

Колекцијата е креирана од брендот „Allure Bridals“ во соработка со познатото филмско студио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allure Bridals (@allurebridals) on

Скиците на првите 3 модели, инспирирани од ликовите на Бел, Ариел и Тиана, се претставени на официјалниот профил на брендот „Allure Bridals“ и предизвикале општо воодушевување. Но, за да ги погледнеме вистинските модели, ќе мора да почекаме малку подолго, бидејќи тие ќе бидат претставени пред јавноста во април на Модната недела во Њујорк. Засега е познато дека нивните цени ќе се движат од 54.000 до 578.000 денари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allure Bridals (@allurebridals) on

Првите достапни скици сведочат дека колекцијата ќе содржи најразлични материјали кои ќе бидат тематски поврзани со некоја принцеза која е инспирација за конкретниот модел. Така, моделот „Ариел“ е искроен во сирена стил, додека моделот „Бел“ е украсен со ливчиња од рози.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Allure Bridals (@allurebridals) on

Идејата на дизајнерот била девојките и жените кои ќе се одлучат за овие модели вистински да доживеат среќен крај на нивните љубовни приказни, исто како што тоа им се случи на нивните омилени принцези.

Можеби сакате да прочитате и дека неонските бои што ќе бидат во мода во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар