Лажни мафини од овес за совршено здрав појадок

Овесот е една од најздравите житни култури, а покрај тоа што не содржи глутен, тој е и одличен извор на витамини, минерали, растителни влакна и антиоксиданси. Најчесто консумираната храна која содржи овес е овесната каша која е наш чест избор за појадок. Постојат многу одлични рецепти кои ве натераат да ја консумирате оваа житарка секое утро, но ако сакате разноликост, ние ви нудиме решение!

Лажни мафини од овес за совршено здрав појадок

Ова е рецепт за лажни овесни „мафини“ кои може да ги замрзнете и така да имате при рака здрав оброк кога тој и да ви затреба – за појадок, ужина или вечера, со чоколадо, разни овошја или путер од кикирики – изборот е ваш.

Сè што треба да сторите е да ги стоплите „мафините“ и да уживате во нивниот вкус. Покрај со сушени боровинки и бадеми, вашите „мафини“ можете да ги збогатите и со екстракт од ванила, лешници, парчиња кокос или чоколадо, како и суво грозје или ореви.

Потребни состојки:

  • 150 г овес
  • 800 мл вода
  • ½ лажичка сол
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • ½ лажичка цимет
  • 20 г сушена брусница
  • 30 г сечкани бадеми

Начин на подготовка:

  1. Сварете го овесот во вода со сол според упатствата на пакувањето. Откако ќе се зготви овесната каша, додајте го кафеавиот шеќер и циметот.
  2. Калапот за мафини премачкајте го со путер или кокосово масло. Истурете ја смесата од овес во секоја вдлабнатина од калапот, но не ги полнете до крај. Одозгора ставете сушена брусница и бадеми и нежно притиснете ги во овесот.
  3. Ставете го садот за мафини во фрижидерот и почекајте смесата да се излади, а потоа префрлете го во замрзнувачот за да ги замрзнете „мафините“ до крај.
  4. Откако „мафините“ ќе бидат целосно замрзнати, можете да ги извадите од калапот и да ги префрлите во кеса за вакумирање.
  5. Пред послужување, сè што треба да направите е да земете два или три лажни „мафини“, да ги стоплите и да уживате во нивниот вкус со чаша млеко.

Добар апетит!

Можеби сакате да го дознаете и рецептот за тортата со грешка и да откриете зошто оваа торта од 4 состојки е најпопуларна во Италија веќе 100 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар