Неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година

Неонските бои беа популарни во текот на претходните години, а очигледно е дека и оваа сезона нема да помине без нив. Со оглед на тоа што има многу бои и трендовите се менуваат многу брзо, овие неонски бои може да ги носи секоја девојка без да се плаши дека нема да ѝ одговораат. Најпопуларните неонски бои оваа година ќе бидат: светлопортокаловата, зелената, жолтата, розовата и сината боја.

1. Неонски лак

Неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година

Ноктите секогаш биле оние со коишто можете да експериментирате. Не е ни чудо што велат дека добриот маникир може да ги замени додатоците и да ја дополни вашата комбинација. Нијансите можете да ги менувате постојано во зависност од вашето расположение.

2. Неонски бои на кармин

Неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година

Изразената розова, портокаловата и црвената боја се прилично вообичаени бои, но овојпат сигурно ќе привлечете многу повеќе внимание каде и да се појавите.

3. Неонски бои на сенки

Неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година

Пастелните нијанси станаа здодевни. Време е да ги промените правилата на игра и да ги „украсите“ очните капаци со впечатливи сенки, а инспирација можете да пронајдете на сите социјални мрежи.

4. Неонски бои за коса

Неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година

Време е да заборавите на здодевните стандардни бои за коса. Тие веќе не се привлечни и треба да промените нешто за да излезете од удобната зона, а впечатливите бои за коса веќе се тука. Исто така, пристигна нов тренд, кој прв го употребија Англичаните и е наречен „скриено“ бојадисување. На прв поглед, косата изгледа како и обично, но со движењето на прамените вашата коса ќе изгледа како виножито.

5. Гардероба во неонски бои

Неонски бои што ќе бидат во мода во 2020 година

Оваа пролет најпопуларна ќе биде зелената боја, а неонските бои не треба да ги комбинирате со црна облека заради контрастот, туку комбинирајте ги со слични нијанси на неонската боја што ќе ја изберете. Ако сте доволно храбри, неонската зелена боја комбинирајте ја со неонска портокалова бидејќи ништо не е неприфатливо оваа година.

Погледнете кои модели на фармерки ќе бидат популарни во текот на 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар