Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Естетиката на Дивиот Запад обично не вклучува замоци од кои можете да гледате бизони како шетаат наоколу. Сепак, во овој случај, на ранчот во Колорадо со цена од 78 милиони долари, нема да се пожалите. Со 439 хектари приватно земјиште, овој имот претставува нова визија за животот на ранч, со сосема ново ниво на модерен луксуз.

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Кога ќе пристигнете на вилата која е 3.200 метри квадрати, ќе се воодушевите од металниот мост пред да ве маѓепса камената фасада, што мора да признаете дека е нешто сосемa различно од дрвените изгледи кои генерално ги имаат имотите кои се во стилот на ранч. Кога ќе влезете внатре, драматичниот влез и луксузниот лустер, топло ќе ве поздрават.

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Ентериерот е елегантен и современ, со мермерни и камени завршетоци во целиот простор. Направени се само неколку рустични допири, како дрвени греди, винтиџ детали и слични работи, кои ја држат оваа градба вкоренета со нејзиното потекло. Имотот вклучува 8 спални и 16 тоалети, сопствено домашно кино, базен, спа и фитнес студио. Сепак, овој дом може да претставува големо одморалиште, бидејќи може да прими до 40 гости во главната вила и во неколкуте гостински куќи. Дивиот Запад е претставен во неколку гостински сместувања, во случај некој да посака да го доживее целосно Дивиот Запад.

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Додека сте тука, на располагање ви е националниот парк „Бела Река“, како и неверојатниот отворен простор кој можете да го истражувате. Со погледот кон планината која е покриена со снег, овде никако не може да ви стане досадно. Исто така, има и фудбалски, кошаркарски и бејзбол терен, како и затворен тениски терен и езеро.

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Дали би сакале да престојувате во замок од 78 милиони долари со приватно езеро?

Сепак, доколку сакате да го доживеете својот Џон Вејн момент, можете да уживате во салонот „Сребрен Долар“, градба која датира од каубојското време.

Погледнете ја и прекрасната архитектура на куќата Висенс која ја направил Антони Гауди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар