7 работи кои ќе ги разберат само независните жени

Отсекогаш сме се восхитувале на храброста и смелоста на независните луѓе, кои зрачат со самодоверба, самопочит и позитивна енергија. Нивниот карактер отсекогаш ги мотивирал и инспирирал другите и им давал поттик да не се откажуваат од своите цели и аспирации, меѓутоа постојат неколку аспекти на независноста кои не делуваат толку розово, но затоа се реални, вистински и моќни. Во продолжение прочитајте ги 7-те работи кои ќе ги разберат само независните жени.

7 работи кои ќе ги разберат жените кои зависат само од себе

1. Независноста не е секогаш избор. Луѓето сакаат да ја гледаат како карактерна црта, иако во некои случаи, таа е повеќе прашање на преживување и благосостојба отколку предност. Да имате потреба да зависите од себе е многу поразлична игра од преферирањето да се биде сам.

2. Луѓето кои биле принудени да ја присвојат автономијата имаат една неверојатна предност во животот. Кога знаете дека сте немале избор освен да се грижите за себе, тогаш сте научиле не само да се справувате со сите технички работи во животот, како што се плаќањето на сметките, туку и со емоционалната одговорност која доаѓа со избирање на семејството и откривање што е важно, а што не е.

3. Да се ставите себеси пред другите е доблест. Во свет каде себичноста и сакањето на самите себеси се погрешно претставени како синоними, запомнете дека способноста да се сакате и да се грижите за себе не е луксуз, туку е потреба доколку сакате да го живеете здравиот живот кој го заслужувате.

4. Интимните врски се многу поважни кога сте независни. Луѓето кои мораат да бидат независни типично поминале низ некоја психолошка траума, како на пример кога некој важен бил или отсутен и не бил вмешан во нивниот живот или премногу се обидувал да ги контролира. Во тој случај, потребно е време да научите дека можете да бидете тоа што сте и да им верувате на другите, што е клучно за секој тип однос со луѓето.

5. Вие сте сѐ што имате на крајот на денот. Доаѓаме сами и си одиме сами. Независно колку љубов ќе искусиме во животот помеѓу, на крајот, сами ќе си заминеме од овој свет. Ако чекате некој да ве спаси или да ви помогне, тогаш си го губите времето. Само вие ја имате моќта да го промените својот живот.

6. Ништо не е поважно од светоста на вашиот ум. Нема ништо во светот повредно од емоционалната, менталната и финансиската слобода, работи на кои не наидувате случајно и кои мора сами да ги развиете и да научите да ги организирате и водите.

7. Најголемиот благослов е она што луѓето не можат да ви го дадат. Кога некој ја задржува својата љубов, треба сами да ја најдете. Кога вашите родители ви даваат сѐ што ќе посакате, тогаш никогаш нема да ја почувствувате потребата да ги направите работите сами за себе. Кога работите ви се ставени во скутот, никогаш нема да научите како да се помачите за да стигнете до целта. Кога не морате да се соочите со непријатностите од потреба, тогаш ќе го поминете целиот живот избегнувајќи ги и ќе останете само половина од личноста која можете да бидете.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Марија Reply

    Честитки Теодора, убав артикл.. Лив лонг енд проспер 🙂

Остави коментар