10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Жените имаат околу 450 менструални циклуси во нивниот животен век и во просек губат околу 60 милилитри крв за време на еден циклус. Патем, целиот процес не е воопшто евтин: жените трошат многу пари за хигиенски производи во текот на животот.

Честопати не обрнуваме внимание на овие статистики и не си ги познаваме доволно сопствените тела. Ова е причината поради која некои информации ги доживуваме како апсолутна вистина, иако се само обични митови. Но, кои се тие?

1. Не треба да се капете во када

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Некои девојки избегнуваат капење во када за време на циклусот, други мислат дека топлата вода дополнително го поттикнува протокот на крв, а трети се плашат од инфекции.

Но, не грижете се, топлата вода може да биде и корисна. Таа ја подобрува работата на крвните садови, ги релаксира вашите мускули и ги намалува менструалните грчеви. Значи, голема е веројатноста да се чувствувате многу подобро откако ќе поминете опуштено време во својата када.

2. Не треба да пливате

Многумина мислат дека пливањето за време на менструалниот циклус е лошо за нивното здравје, но тоа не е точно.

Прво, тампонот нема да дозволи водата да навлезе внатре. Второ, пливањето, како и секоја друга физичка активност, ја намалува болката. Исто така, според статистиката, не е толку лесно да фатите инфекција пливајќи во базен.

3. Жените коишто живеат заедно имаат синхронизиран циклус

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Марта МекКлинток била првата жена којашто пишувала на оваа тематика во статија за списанието „Nature“ во 1971 година. Според нејзиното искуство, пријателките, роднините и цимерките имаат речиси 100% синхронизирани циклуси. Причината била поради тоа што разменувале одредени феромони кои ги произведува женското тело.

Подоцнежните студии ја негирале врската помеѓу циклусите и непосредниот контакт меѓу жените. Денес менструалната синхронизација не е докажана и се третира како мит во научната заедница.

4. Подобро е да се одложи фарбањето на косата

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Постои мислење дека доколку ја фарбате косата за време на менструалните денови, бојата нема да се распореди рамномерно, а косата ќе ви биде нескротлива. Корисниците на интернет тврдат дека тоа се случува поради хормоналната нерамнотежа.

Научниците навистина биле заинтересирани да го проучат овој случај и дознале дека дури и ако за време на менструацијата косата е потешка за обликување, таа нема никакво влијание врз производството на себум. Според научните податоци, непослушните влакна се резултат на лоша грижа или генетската предиспозиција.

5. Алкохолот влијае врз менструалниот циклус

10 факти за менструалниот циклус за кои е докажано дека се митови

Сѐ е до тоа колку алкохол консумирате. Дамите кои редовно консумираат премногу алкохол се склони кон нередовни менструални циклуси, аномалии и аменореа. Доколку пиете повеќе од препорачаното, алкохолот ќе има лошо влијание врз целото тело, а не само врз репродуктивниот систем.

Доколку сакате да испиете чаша вино или неколку коктели за време на вашиот циклус, во ред е. Истражувањата покажуваат дека умереното пиење не влијае на менструалниот циклус и врз вашето здравје.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар