Зошто секоја личност треба да се заљуби 3 пати во животот?

Според една нова студија, секоја личност во просек се заљубува три пати. Студијата, на која присуствувале 3.000 британски мажи и жени, чија просечна старост била 37 години, ги анализирала љубовните навики на паровите. Според резултатите на анкетата, секоја личност може да се заљуби само три пати и последниот пат е трајно.

Првата љубов најчесто настанува во тинејџерските години, кога објектот на нашите емоции е идеализиран до максимум и ни се чини дека оваа врска има неверојатна иднина. Но, суровата реалност ги приземјува сите и со тек на време, почнуваме да гледаме и со сопствените очи, а не само низ розовите очила.

Втората љубов, како и третата, се случуваат во текот на возрасната доба, но на различно ниво. Психолозите тврдат дека втората љубов е бегство од првата и дека таа секогаш се јавува во животот како нужност. Скршеното срце, бара сигурно засолниште во кое може да се заборави и одново да се пронајде себеси. Овие односи често се себични бидејќи во нивната основа се наоѓа заздравувањето. Поради фактот дека другиот партнер зависи од првиот, овој однос од старт е осуден на колапс.

А третата љубов? Зошто е таа посебна? По две романтични приказни, кога личноста е едноставно разочарана од љубовта, таа влегува во нова врска. И токму таа љубов е точка на рамнотежа во која и двајцата партнери стекнуваат искреност, спокојство, духовна интимност, како и подготвеност за вистинска љубов. Ако во претходните две врски не сме биле спремни да бидеме искрени еден кон друг, како и со себе, во третата веќе знаеме каде сме згрешиле и што треба да направиме. Тогаш веќе знаеме колку се вредни човечките односи.

Најголемите лични промени почнуваат токму во тие односи, силни и искрени, затоа што токму тогаш сакаме да бидеме својата најдобра верзија и да останеме во близина на оние што нè чинат среќни и што целосно нè прифаќаат.

Колку сте поневеројатни, толку е потешко да пронајдете љубов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар