6 начини да ги претворите старите маички во модни додатоци што ќе ги носите
4. Ѓердан

Овде е искористено синџирче кое му дава поинтересен изглед на материјалот од маичката. Бакарната цевка го прави ѓерданот уште поубав.
Потребни материјали:
- стара маичка
- синџирче
- спојувалки за ланче
- бакарна цевка
Начин на изработка:
Направете плетенка од ленти од маичката и синџирчето. На двата краја ставете спојувалка за ланче. На плетенката протнете ја бакарната цевка и вашето ланче е готово.

5. Стегач за коса

Овој стегач можете да го користите и како белегзија.
Потребни материјали:
- стара растеглива маичка
- ножици
- маркер или стапче за основа
Начин на изработка
Внимателно исечете го долниот раб и фрлете го. Потоа исечете 2 ленти со дебелина од најмалку 2,5 центиметри. Колку поголеми се лентите, толку подебела ќе биде плетенката.

Исечете го едниот раб од двете ленти. Ставете ги лентите една врз друга и зацврстете ги на стапчето (или маркерот). Сега ќе имате 4 ленти за плетење. Направете плетенка и оставете околу 3 центиметри од лентите.

Заврзете го крајот и протнете го низ дупката која ја направивте со стапчето.

Продолжува на следната страница…





























