Конвексен, рамен или конкавен: Каков е вашиот профил и што ви открива тоа за карактерот?

Конвексен, рамен или конкавен: Каков е вашиот профил и што ви открива тоа за карактерот?

Физиогномијата е наука што ги открива карактеристиките на луѓето врз основа на нивниот физички изглед. Нејзината употреба за прв пат се забележува во записите на Аристотел, кој верувал дека секој човек поседува карактеристики на одредени животни на кои тој наликува. Денес физиогномијата се користи во многу области, меѓу кои и откривањето на подетални карактеристики за човекот со надворешна анализа. Па, ако сакате да дознаете нешто повеќе за себе или да научите како подобро да ги разоткривате вистинските „лица“ на луѓето околу вас, тогаш пробајте да анализирате преку овие правила…

konveksen-ramen-ili-konkaven-kakov-e-vashiot-profil-i-shto-vi-otkriva-toa-za-karakterot

1 Конкавен профил – долната вилица е исфрлена нанапред, челото е истакнато

Овие личности се бавни во делувањето, размислувањето и говорењето, но имаат неверојатна издржливост. Тие се заинтересирани за теории и медитации, обожаваат да го истражуваат умот и филозофираат на сите теми. Тие се благи, со умерена енергија, трпеливи, лојални и доверливи. Најчесто се мирни, со добра природа, милосливи, понекогаш дури и непрактични. Знаат и да се скараат, но најчесто се воздржуваат, па затоа и на многумина им делуваат депресивно и уморно. Ништо не забораваат, па затоа и понекогаш се вистински злопамтила.

2. Рамен профил – вертикално лице

Овие луѓе најчесто си поставуваат премногу големи цели. Тие се мирни и работливи личности, а упорноста понекогаш ги прави и по малку тврдоглави. Зборот неуспех не постои во нивниот речник, па затоа и никогаш не би ви го признале. Тие по природа се љубопитни, па постојано трагаат по смислата и суштината на животот. Логични, рационални, ладнокрвни и директни – кога овие личности ќе почнат нешто, тие го спроведуваат до крај, без разлика на жртвите и последиците по пат.

3. Конвексен профил – горната вилица е исфрлена нанапред, брадата е вовлечена

Овие личности се познати по брзото размислување и делување, како и по својата практичност. Тие се одлични набљудувачи, па ниту еден детаљ не може да им избега од вид и се многу вешти говорници. Енергични, нетрпеливи, импулсивни со кратка издржливост, брзи, способни, практични и добри работници – како што можете да видите по овие карактеристики, тие се големи ентузијасти и со голем елан ѝ пристапуваат на секоја работа. Веруваат во успех. Од друга страна пак, сакаат и да се грижат за другите, полни се со љубов и поддршка и обожаваат да стекнуваат нови искуства.

Дознајте и на кој начин формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар