5 знаци дека сте опкружени со енергетски вампири

5 знаци дека сте опкружени со енергетски вампири

Забележувате дека се чувствувате летаргично, ве обзема чувство на рамнодушност и имате впечаток дека веќе не сте расположени за ништо. Ако не станува збор за депресија, тогаш е време да ја смените вашата околина. Ако сте принудени да поминувате време на работа со луѓе со кои не ја делите истата енергетска аура, тоа можете да го избегнете барем во приватниот живот. Отстранете ги токсичните луѓе од вашиот живот, а следните знаци покажуваат дека постојат такви личности во вашето опкружување.

5 знаци дека сте опкружени со енергетски вампири

1. Забележувате дека често се наоѓате во ситуација во која некој ви кажува нешто, а вашите мисли залутале, се чувствувате уморно и воопшто не ве интересира темата. Освен тоа, по таквиот разговор, вие ќе чувствувате само потреба за кревет.

2. Кога сте заедно со пријателите, вашата тема обично е последна на списокот, ако воопшто и се најде таму. На вашиот соговорник му е важно да ги раскаже своите животни случувања, а вие не сте важни, па ќе се чувствувате празно по таквиот разговор.

3. Во вашето опкружување не ви се потребни негативни луѓе кои гледаат сè од најтемната перспектива. Дури и ако сè е толку црно, надежта и оптимизмот ќе ви дадат волја да продолжите понатаму.

4. Чувствувате желба да се оддалечите и да станете недруштвени. Ова е аларм дека вашата околина не ви одговара и дека е време да запознаете некои нови луѓе на кои ќе им дозволите да влезат во вашиот живот. Дајте си можност за нови искуства, не се сите луѓе толку безлични и здодевни.

5. Постојано сте мета на критики и другите луѓе лесно ве осудуваат затоа што тие се хранат со туѓите неуспеси. Сосема е во ред некој да ви даде вистински совет во вистинско време, но постојаната осуда е само знак дека треба да се тргнете настрана и да не ги слушате тие празни приказни затоа што веќе сте слушнале еден куп непотребни совети.

Можеби ве интересира какви видови емоционални вампири постојат и како да се справите со нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар