Одговорете на овие 15 прашања и дознајте дали вашата врска има смисла

Животот во две пар може да биде доста комплициран, а експертите откриваат дека преку овие 15 прашања навремено може да откриете дали има смисла да се впуштите во сериозна врска.

Одговорете на овие 15 прашања и дознајте дали вашата врска има смисла

Партнерите во многу врски се несреќни. И покрај тоа што се секојдневно заедно дури третина од нив опстојуваат во врски без секс.

За да избегнете какви било проблеми во иднина, проф. Гери В. Левандовски Џуниор има составено збир од 15 прашања кои ќе ви помогнат да дознаете дали има смисла да влезете во врска и дали таа има иднина или е подобро, сепак, да останете сами.

Професорот се занимава со психологијата на врските и смета дека преку овие прашања ќе откриете сè што треба да знаете за вашата врска.

Еве ја листата со тие 15 златни прашања:

  1. Дали вашиот партнер прави да се чувствувате како подобар човек и дали вие го имате истото влијание врз него?
  2.  Дали се чувствувате пријатно при споделувањето на чувства со партнерот, дали верувате еден во друг, дали сте блиски и дали бидете премногу загрижени ако партнерот ве напушти?
  3. Дали партнерот и вие се прифаќате такви какви што сте, без да имате потреба да се менувате меѓусебно?
  4. Дали, кога се појавуваат несогласувања, разговарате со партнерот со почит и без негативност и незадоволство?
  5. Дали имате еднаква можност да донесувате одлуки во врската и дали имате еднаква моќ да влијаете врз развојот на врската?
  6. Дали сте најдобри другари со партнерот?
  7. Дали би му ја довериле на вашиот партнер лозинката од социјалните мрежи и банкарските сметки?
  8. Дали имате добро мислење за вашиот партнер без да претерувате на позитивен начин?
  9. Дали вашите пријатели и пријателите на партнерот мислат дека имате одлична врска?
  10. Дали има љубомора, изневерување или контрола на однесувањето во вашата врска?
  11.  Дали ги споделувате со партнерот истите вредности кога станува збор за политика, религија, важноста на бракот, желбата за родителство и воспитувањето на децата?
  12.  Дали вие и вашиот партнер сте подготвени да се откажете заради другиот од сопствените потреби, желби и цели, без да се почувствувате како нечија пречка?
  13.  Дали вашиот партнер и вие сте емотивно стабилни?
  14. Дали сте сексуално компатибилни со партнерот?
  15. Дали кога зборувате за себе и за вашиот партнер, почесто ги користите зборот „ние“ или зборот „мене“?

И покрај едноставноста, овој тест е поддржан од бројни научни студии. Преку прашања вие всушност ги осознавате темелите на здравиот однос. Можете да одговорите на нив и без партнерот, но треба да бидете потполно искрени со себе. Целта, се разбира, е да одговорите на што е можно повеќе прашања.

А сега да ве запрашаме колку често се бакнувате? Одговорот може да открие колку долго ќе трае вашата врска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар